Проблеми со варењето и запек се многу чести кај бебињата, но сепак можат да ги загрижат родителите. Причина за ова може да бидат голем број фактори, како што се промена во исхраната, дехидрација и недостаток на влакна. Се случува и кај доени бебиња
Според Medical News Today, кога станува збор за ублажување на овој непријатен проблем, постојат неколку работи што можете да ги направите – топла бања, нежно движење на нозете на вашето бебе додека лежи на грб, или, како што препорачува една мајка, активирање на „прекинувачот за какање“.
Елина Фурман, мајка и инструкторка за масажа, објаснила како да се ублажи болниот запек на Тик Ток, каде што со своите родителски трикови собрала скоро милион лајкови.
Како што тврди, потребни ви се само неколку секунди за да ја примените оваа техника и им порачува на родителите: „Нема да верувате колку брзо (бебињата) ќе се искакаат“.
@kahlmi This works. Babies, kids and adults! #babymassage #babypoop #reflexology
Нејзиниот трик се состои во нежно притискање на неколку точки на телото на бебето. „Прво, со рефлексотерапија, само ги масирате тенкото и дебелото црево, а потоа правите мали кругови во средината на стапалото“, објаснила таа. Оваа техника, според Елина, ќе ги „енергизира“ дебелото и тенкото црево, а за возврат ќе помогне во ублажување на запекот.
Фото: ТикТок/скриншот