Чоколадното млеко е на врвот од листата на најнездрави пијалаци

Прво на листата на најнездрави пијалаци е чоколадното млеко, кое никогаш не треба да се консумира, освен после интензивен тренинг. Имено, едно шише од овој пијалак содржи околу 21 грама шеќер и ако ги додадеме уште засилувачите на вкусот, не е чудно што се наоѓа на оваа листа.

0
289

Порано не се зборуваше многу за штетноста на газираните пијалаци, ама и не се пиеја толку како денес. Се уште луѓето дома си правеа сокови на растварање, па и газираните сокови без главно резервирани за гости. Денес ситуацијата е многу поинаква и повеќето родители размислуваат двапати пред да им понудат таков пијалак на своите мали деца. Можеби ќе се изненадите, но на листата од најнездрави пијалаци, тие не се на прво место.

Напиток кој им е често омилен на децата, а е на првото место на оваа листа на најнездрави пијалаци, е чоколадното млеко.

Прво на листата е чоколадното млеко, кое никогаш не треба да се конзумира, освен после интензивен тренинг. Имено, едно шише од овој пијалок содржи околу 21 грама шеќер, и ако додадеме уште многу засилувачи на вкусот, не е чудно што се наоѓа на листата.

Можеби ќе ве изненади и што на листата на најнездрави пијалаци е сокот од брусница. Проблемот со овој сок е што заради за многумина непријатниот вкус на брусницата, производителите додаваат многу шеќер во сокот, за да биде повкусен за купувачите.

Бројни пијалаци од портокал исто така се на листата на најнездрави. Проблемот не е во портокалите кои инаку се здрави, туку во фактот дека овие сокови се претежно мешавина од вода и густ сладок сируп и малку концентрат од вистински сок, масло и други хемикалии.

Не треба да консумирате ниту сок од домати. Иако е овошје полно со антиоксиданти (да, доматот е овошје, а не зеленчук), секоја придобивка од овој сок престанува откако ќе се стави во шишето, бидејќи производителите во него ставаат натриум.

Иако многумина го започнуваат денот со шолја кафе, би било добро да размислите за тоа бидејќи експертите велат дека само 2 дцл од овој напиток дневно ќе направи вашите коски да станат кршливи.

Многумина често наместо вода од чешма, пијат вода што ја купуваат во пластични шишиња. Проблемот овде не е водата, туку хемиската компонента БПА (бисфенол А), која имитира хормони и се наоѓа во многу пластични предмети, а според некои студии може да влијае на развојот на рак и на плодноста.

На листата од осумте најлоши пијалаци е конзервираното кафе. Имено, како што пишува Ordinacija.hr, многу производители додаваат многу шеќер и млеко во овој пијалак за да биде повкусен.

На последното место е водата со витамини, чии шишиња обично имаат околу 120 калории и сите тие доаѓаат од шеќерот.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]