Уште едно дете, жртва на ТикТок предизвик

Дванаесетгодишно момче од Колорадо се наоѓа во критична состојба откако учествувало во озлогласениот предизвик на социјалната мрежа ТикТок, Блекаут, чија цел е да се давите самите себе додека не ја изгубите свеста!

0
444

Родителите на 12-годишното момче од Колорадо веруваат дека учествувало во предизвикот што ги поттикнува луѓето да видат колку долго можат да го задржат здивот и дека тој бил „потполно несвесен за ризиците“.

Опасната игра – понекогаш именувана како Choking Challenge, Blackout Challenge, Space Monkey или Pass-out Challenge, не е ништо ново во светот на социјалните медиуми. Уште во 2008 година, Центрите за контрола и превенција на болести припишале 82 смртни случаи на млади на варијации на предизвикот.

„Дванаесетгодишниот Џошуа бил откриен без здив на подот од бањата од страна на неговиот брат близнак кој се обидел да го реанимира додека не пристигнат соседите и Брзата помош“, се вели во соопштението споделено на страницата за донации, каде се собрани повеќе од 140.000 американски долари од вторникот попладне.

Тој во моментов е интубиран и лекарите рекле дека неговата шанса за преживување е крајно мала.

За време на интервјуто за KCNC, таткото на Џошуа, Хаилеис Зеријун, рекол дека лекарите му соопштиле кратко по инцидентот дека Џошуа нема да преживее.

Тие му соопштиле на семејството дека мозокот на момчето е мртов и дека треба да се подготват да се простат од него.

„Јас клекнав и ги молев да не се откажуваат од него. Ако се откажам, се чувствувам како да го оставам моето дете. Срцето ми се крши кога го гледам неподвижен и без свест во креветот”, рекол таткото на момчето.

Семејството се надева дека нивната приказна ќе ги инспирира другите да размислат двапати пред да се вклучат во предизвици на социјалните мрежи што можат да им наштетат.

„Мојот син беше како неговите врсници, тој сакаше игрички и фудбал. Тој е борец, го гледам како се бори секој ден и се молам за него”, заклучил скршениот татко.

Фото: Go Fund Me

[better-ads type='banner' banner='999' ]