Татко ѝ се жали на својата ќерка додека таа се породува дека си го удрил палецот (ВИДЕО)

Цврсто држи едно пени меѓу своите колена.... Ја советува овој татко од Тексас својата ќерка во уште едно смешно видео на Тик Ток, откако веќе се прослави со своето присуство на нејзиното породување и обидот да ѝ го одврати вниманието од родилните болки

0
530
Фото: Freepik

Породувањето е една од најтешките и најболните работи со кои треба да се соочи жената, а саканите кои ќе изберат да бидат покрај идната мајка се трудат да ѝ ја дадат својата поддршка. Еден татко од Тексас одлучил да ја бодри својата принцеза за време на тоа искуство и да биде со неа додека го донесе внукот на свет, а неговиот обид да ја смири ќерката насмеа илјадници луѓе.

Корисникот на TikTok @ texasgirl_4everbackup објави видео во кое лежи на болнички кревет во породилни болки, додека нејзиниот татко стои до неа како прв столб за поддршка.

Со надеж дека ќе ги оттргне мислите на неговата ќерка од породилните болки и маки, таткото се наведнува кон својата ќерка и ѝ вели: „Дали ти кажав дека си го удрив палецот минатата недела?“

 

@texasgrl_4everbackup

I would like to see men have babies! #birthstory #menareweak #pregnant #laboranddelivery #daddysgirl #momsoftiktok #UltaBeautyatTarget #fypシ #fyp

♬ Like I Can – Sam Smith

Во друго видео на истата мрежа тој ѝ препорачува на својата ќерка и одличен метод за контрола на раѓање, па ѝ вели да стави едно пени (а може и која било паричка, валутата не е важна) помеѓу колената и цврсто да ја држи.

@texasgrl_4everbackup

Always with the jokes 🤦🏼‍♀️🙌🏻 Before they told us they were prego lol #UltaBeautyatTarget #DaddyDaughter #Jokes #Penny #BirthControl #Pranks #fypシ

♬ Oh No – Kreepa

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]