Секој петти возрасен е отуѓен од својот татко, покажало едно германско истражување

Многу луѓе се отуѓуваат од своите родители во текот на нивниот живот, но најмногу од нивните татковци, покажува една неодамнешна социолошка студија во Германија.

0
89

Студија спроведена од двајца социолози од германски универзитети, обработувала податоци за германски семејства во период од 2008 до 2018 година и опфатила повеќе од 10.000 луѓе.

Околу 20 проценти од возрасните деца доживеале период на отуѓување од таткото, што е повеќе од двојно во однос на мајката, каде што отуѓувањето е 9 проценти.

„Кога детето и родителот имаат контакти помалку од еднаш месечно и не се емотивно блиски, тогаш зборуваме за отуѓување“, вели еден од авторите на студијата, Оливер Аранц Бекер, професор на Универзитетот Хале-Витенберг (MLU).

„Контактот“ вклучува посети, писма, телефонски повици и повеќе, објаснува Аранц Бекер.

Причината зошто возрасни деца се двојно повеќе отуѓени од таткото отколку од мајката е тоа што „врските со мајката често се посилни отколку со татковците“, објаснува проф. Карстен Хенк од Универзитетот во Келн и додава дека тоа важи и за ќерките исто како и за синовите.

Ризикот од отуѓување се зголемува во семејствата каде што еден родител умира.

„Навистина е изненадувачки“, вели Аранц Бекер. „Некој би помислил дека врската со родителот кој сè уште е жив ќе се зацврсти по таков настан, но во повеќето случаи врската слабее.

Процентот на отуѓување се зголемува и во случај на развод на родителите, особено кога еден од родителите има друг партнер.

Ако односот на детето со новиот партнер на родителот е лош, тој или таа често се отуѓуваат и од биолошкиот родител, открија социолозите во студијата.

Студијата од Journal of Marriage and Family (Списание за брак и семејство), ја објавил National Council on Family Relations (Националниот совет за семејни односи) од Минеаполис, САД.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]