Русија воведе нов празник – „Ден на татковците“

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се воведува нов празник во земјата - Денот на таткото чија цел е да се зајакне улогата на таткото во воспитувањето на децата. Празникот ќе се слави секоја трета недела во октомври.

0
62

Секоја трета недела во октомври, во Русија ќе се слави денот на татковците. Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој во земјата се воведува овој нов празник. Целта на Денот на таткото е да се зајакне улогата на таткото во воспитувањето на децата.
Новиот празник се воведува со цел да се зајакне семејната институција, како и да се зголеми важноста на улогата на таткото во воспитувањето на децата, пренесува Спутник.
Иницијатор на идејата е Министерството за труд и социјална заштита на Русија, кое се повикало на членот 72 од амандманот на Уставот за заштита на семејството, мајчинството, татковството и детството.
Во некои региони на Русија, тој празник веќе постоел и досега.

Сличен нацрт на закон ѝ бил претставен на Државната дума во 2018 година, но потоа бил одбиен.

Денот на мајката во Русија се слави во последната недела од ноември и истиот бил воведен во 1998 година.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]