Прваче одбило да ја симне маската дури и за фотографирање

Шестгодишниот Мејсон Пиплс од Лас Вегас стана интернет сензација откако одбил да ја симне маската за време на фотографирањето во училиште, бидејќи неговата мајка му рекла да не ја вади никогаш, освен кога јаде.

0
218

Првачето Мејсон Пиплс од Лас Вегас, премногу сериозно ги сфатило упатствата на неговата мајка. Кога дошло време за неговиот портрет, фотографот во училиштето го замолил да ја симне маската. Мејсон рекол: „Мајка ми ми рече да ја носам постојано, освен ако не јадам и не сум далеку од другите“.

Мајката на Мејсон, Никол Пиплс, објавила како се одвивал разговорот.

„Сигурен сум дека е во ред да се извади маската за фотографирање“, се обидел да го увери фотографот.

Но, момчето не сакало да се спротивстави на упатствата на неговата мајка по никоја цена.

„Не, мајка ми сериозно ми рече да ја носам“.

„Дали си сигурен дека не сакаш да ја тргнеш дури ни на две секунди?“ прашал фотографот.

„Не, благодарам! Секогаш ја слушам мама”, бил јасен Мејсон.

Фотографот сфатил дека нема шанси да го убеди момчето да ја симне маската, па го фотографирал со маската.

Објавата станала вирална на Фејсбук профилот на неговата мајка.

„Неверојатен спомен од оваа луда ера низ која поминуваме”, коментирале некои и ја инспирирале мајката да започне кампања за групно финансирање (crowdfunding) и да собере пари за сладолед или некое друго уживање за Мејсон.

Гестот на Мејсон ги воодушевил луѓето толку многу што тие во голема мера ја надминале целта од 7 долари и донирале над 19.000 долари досега.

„Мејсон и јас сме пресреќни. Тој прочита многу ваши коментари и има широка насмевка на лицето. Среќен е што толку многу луѓе се горди на него и ја фалат неговата постапка. Ви благодариме што му го разубавивте денот”. објавила мајката подоцна.

Таа изјавила за Си -Ен -Ен дека нејзиниот дедо, кој ја одгледал, починал во јануари откако се заразил со коронавирусот. Таа загуба го поттикнала нејзиниот син да разбере зошто е важно да носи маска.

„Дедо беше значаен дел од нашиот живот и неговото заминување го погоди Мејсон. Заради тоа искуство сакаше да носи маска и знае дека тоа го штити не само него, туку и другите околу него. Ги почитува правилата дури и во куќата, па ја носи маската дури и кога го мести креветот и ја средува собата“, вели мајката.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]