Не треба да учите со вашето дете и да му ја местите чантата!

Познат руски психолог советува дека не треба да го учите вашето дете заедно да ја правите домашната работа, не треба да му ја местите чантата или да проверувате дали нешто заборавило...тоа не е ваш проблем!

0
1005

Михаил Лабковски, популарен руски психолог, им порачува на родителите како да одберат училиште, дали треба да се расправаат со учителите и во кој момент треба детето навистина да биде оставено на мир.

Според него, не треба да го учите вашето дете заедно да ја правите домашната работа, не треба да му ја местите чантата или да проверувате дали нешто заборавило…тоа не е ваш проблем!

Совет бр.1

Пред училиште не треба да ги оптоварувате децата со ништо. Никаков шах, странски јазици и интелектуален развој. До 6-7 години мозокот на детето не е физиолошки подготвено да прима голем опсег на информации. Вие ќе си ги потрошите парите, а детето – детството.

Совет бр. 2

Запишете го првачето во најблиското а не во најдоброто училиште. Во пониските одделенија за детето е најважно училиштето да му е близу. Нема да троши време и сила за одење и враќање и полесно ќе му биде да гради односи со децата од одделението ако живеат во соседството.

Совет бр. 3

Првата учителка не треба да биде „строга“ туку добра. Ви треба адекватна учителка која сака деца и сака да работи во училиште затоа што ја сака таа работа. Затоа одете во најблиското училиште и распрашајте се кај родителите на децата што се четврто одделение.

Совет бр. 4

Училиштето е одговорност на вашето дете, а не ваша. Можете да земете одмор првите две недели на почеток од првото одделение а потоа договорете се со детето: „Мене твоето училиште не ме вознемирува, а јас нема да те вознемирувам тебе“.

Совет бр. 5

Престанете да потпрашувате што се случувало на секој час и претерано да реагирате на оценките. Ако детето сака да зборува за училиштето, разговарајте, ако не сака – не му ги вадете зборовите со клешта од уста.

Совет бр. 6

Не треба да го работите домашното заедно со детето, да му ја подготвувате чантата, да проверувате дали нешто заборавило. Ако вие го правите сето ова наместо него, тоа во иднина нема да биде мал проблем.

Совет бр. 7

Секако дека можете да му помогнете. Принципиелно прашање во тоа е кој прв почнал. Тоа треба да е детето. Тоа треба да ве праша: „Јас ова не го разбирам!“. А не вие да му приоѓате постојано и да прашувате дали е се во ред. Ако детето не ве прашува ништо, значи дека е се во ред.

Совет бр.8

Ако учителот не е добар за вашето дете, проблемот мора да се решава. Пробајте прво да разговарате со учителот, ако нема корист од тоа, одете понатаму, разговарајте со директорот, а ако и од тоа нема фајде, префрлете го во друго одделение или ако треба во друго училиште. Во никој случај детето не треба да се остава во состојба на долг константен стрес.

Совет бр. 9

Пубертетот е најтежок период во животот на вашето дете. Почнува помеѓу 12. и 14. и трае до 15-16.години. Тоа е време на сложени психички и физички промени, оттука хормонален дисбаланс, психолошки проблеми, замор. Детето може да ги расипе оценките, помалку да учи. Оставете фо на мир. Ваша задача е тој период да помине што помирно и што побрзо.

Совет бр.10

Не треба да доаѓате во отворен конфликт со училиштето – веројатно ќе ја загубите битката. Кога ќе ве повикаат на разговор и ќе ви кажат дека треба да се позанимавате со вашето дете – не им се спротивставувајте. Согласете се и продолжете си по свое.

Совет бр.11

Не е неопходно да ги развивате талентите на детето ако тоа не го сака ова. Талентот треба да е извор на радост, а ако не сака да го развива, не го принудувајте колку и да ви е мака поради тоа. Не треба да се напрегате, да барате педагози за некој да ви даде одговор на прашањето „што се крие во него?“ Најчесто не се крие ништо посебно и во тоа нема ништо трагично.

Совет бр. 12

Најважно е да го научите своето дете да прифаќа не очекувајќи од него ништо. Не е важно како учи, сакајте го такво какво што е и што и да прави. Да, кога ќе има 15 ќе биде потешко отколку кога имало 5. Детето не треба во вас да предизвика одбивање. Но за да биде така, прво мора да се сакате себеси.

[better-ads type='banner' banner='999' ]