Откако со години го надгледувале секој нивни чекор, кога децата ќе станат тинејџери, родителите повеќе не знаат што тие јадат, што прават, со кого се дружат.
Четири од десет родители се загрижени поради исхраната и пијалоците кои ги консумира детето кога не е со нив, 43 отсто од родителите велат дека често наоѓаат кесички од брза храна во детските соби или во ранците.
Околу 39 отсто од родителите не знаат со кого се дружи нивното дете, што придонесува за тоа да ја губат контролата над исхраната на своите деца.
Едн од десет родители веруваат дека периодот кога почнуваат да ја губат контролата над своите деца е веќе од десет години.
Студијата спроведена во Британија покажала дека нивните стравови биле оправдани затоа што речиси 40 отсто од родителите мислат дека нивните деца јадат многу повеќе слатки отколку што јаделе тие на истата возраст.
Повеќе од половина од родителите се расправаат со децата за исхраната и секојдневно им објаснуваат колку е важно да јадат овошје и зеленчук.
„Со оглед на поголемата достапност и избор на грицки, не е изненадување што многу родители сметаат дека децата уживаат во брза храна повеќе од нив кога биле на истата возраст. Кога се децата сосема мали, лесно е да знаете што точно прават, со кого се, што јадат и што пијат. Но како што се постари, сѐ повеќе го прават тоа што го сакаат, ги прават работите на свој начин и тешко е да се контролираат кога станува збор за исхраната“, вели авторот на студијата.
Студијата во која учествувале 2.000 родители на тинејџери на возраст од 13 до 18 години, покажала дека шест од десет сметаат дека изгубиле контрола над децата зашто стануваат понезависни.
Друго истражување кое го спровеле OnePoll.com покажало дека околу 12 отсто од родителите немаат претстава колку чоколатца изеле нивните деца, а еден од десет е знаат колкугрицки јаде детето. Ист број родители не знаат колку газирани напитоци испило детето, а еден од 20 родители не знаедали и колку овошје и зеленчук јаде детето.
Оваа студија покажала и дека отприлика четири од десет родители сметаат дека нивното дете пробало алкохол – а всушност 44 отсто тинејџери велат дека веќе пробале алкохол.
„Причина за тоа може да биде нивното бунтовништво и тестирањето на новостекнатата независност“, велат авторите на студијата.
Фото: rawpixel.com from Pexels