Зошто на мажите нагло им паѓа тестостеронот кога ќе станат татковци?

Научниците наведуваат дека постојат докази дека се мажите биолошки предодредени за нега на децата.

0
229

Истражувачите кои се занимаваат со проучување на тестостеронот потврдиле дека кај мажите нивото на тој машки хормон силно опаѓа откако ќе станат татковци, што е биолошка промена која може да помогне за развој на улогата на старател.

Претходните студии утврдиле дека мажите кои се татковци имаат пониско ниво на тестостерон од оние кои не се татковци. Меѓутоа, Кристофер Кузава, антрополог од Универзитетот Нортвестерн вели дека за тоа постојат две можни објаснувања: „Дали е татковството тоа што го намалува нивото на тестостерон? Или мажите кои од претходно имаат понизок тестостерон имаат поголема веројатност дека ќе станат татковци? За да го расветлиме ова следевме исти мажи во текот на подолг период и го меревме нивното ниво на хормони пред и откако станале татковци“.

Кузава и неговите колеги користеле студија спроведена над голема група мажи на Филипините на кои им е мерен тестостеронот во периодот од 2005. до 2009.година, во кој период некои од нив станале татковци, а некои не.

Кузава открил дека најголем пад на нивото на машкиот полов хормон е забележан помеѓу татковците, на кои тестостеронот им опаднал за околу половна веднаш по раѓањето на детето, за подоцна по малку да се опорави. Исто така, кај мажите кои биле активно ангажирани во грижата околу детето, бил забележан поголем пад во спредба со оние кои не биле.

Можно е дека се мажите биолошки програмирани да им се намали нивото на хормони за да можат повеќе да се сконцентрираат на родителството наместо на размножувањето. Меѓутоа, Кузава наведува дека намалувањето на хормоните носи со себе и некои здравствени користи: „Високото ниво на тестостерон во крвта може даго зголеми ризикот од заболување од рак на простата или на тестиси. Исто така, тестостеронот може да ја намали делотворноста на имунолошкиот систем во борбата против патогените“.

Студијата на Кристофер Кузава неговите соработници е објавенаво интернетското издание на публикацијата Proceedings of the National Academy of Sciences.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]