Докажано е колку е таткото важен за подобар развој на бебето

Резултатите од најновите истражувања се фасцинантни затоа што покажале одлични резултати токму кај оние деца кои поминувале многу квалитетно време со своите татковци

0
649

Татковци, бидете спокојни, им требате на вашите деца еднакво како што им требаат и мајките. Кога се ангажираат околу своите деца, кога со нив си играат и притоа се смирени и внимателни, татковците можат да влијаат на своите деца за еден ден да бидат едноставно попамени, со многу подобри комуникациски и когнитивни вештини.

И тоа од првиот ден на нивното раѓање.

Затоа мајки, дозволете им на татковците да се навикнат на малото суштество кое штотуку пристигнало дома, па иако некои од работите нема да може да ги преземе од вас (доење или вашата грижа за бебето додека е тато на работа), сѐ освен тоа би требало да биде пола-пола.

Но смирено и нежно. Татковци, градете таква врска со своето дете од самиот старт.

Ова го вели и истражувањето кое е неодамна довршено во Велика Британија, под водство на тимот од Imperial College London, во кое посматрале 128 татковци во нивната интеракција со децата.

Поентата била да се види како се однесуваат татковците кон децата, какви врски создаваат, како ги галат, си играат, им читаат и воопшто, како го поминуваат времето со своите бебиња. И тоа со тримесечни бебиња, кога татковците веќе би требало да го прават секојдневно сето тоа што е наброено.

Истражувањето е правено во два наврати.

Во првиот дел од истражувањето се посматрани татковци со тримесечни бебиња, а во вториот, истите тие бебиња, но сега на возраст од 24 месеци се тестирани со стандардни тестови за ментален развој.

Резултатите се фасцинантни затоа што покажале навистина големи отстапки, односно, одлични резултати токму кај оние деца кои навистина поминувале многу квалитетно време со своите татковци, кои со многу трпение и без нервоза ги забавувале своите деца и се грижеле за нив. И токму тоа е совршен доказ дека татковците никако не би смееле да бидат истуркани или самите да стојат настрана од бебињата со образложение дека се тие сѐ уште мали и дека им треба мајка.

Затоа внимавајте, мајка е мајка, но на секое бебе му треба и татко. Дури и на возраст од три месеци татковците со својот добар пристап можат силно да влијаат на нивниот подоцнежен развој.

[better-ads type='banner' banner='999' ]