Двегодишно дете и 99-годишна жена станале најдобри пријатели за време на карантинот (ВИДЕО)

Двегодишно момче и неговата 99-годишна сосетка станале најдобри пријатели во текот на повеќемесечниот карантин за време на пандемијата со ковид-19.

0
220

Мери О’Нил и Бенџамин Олсон се соседи и кога поголемиот дел од светот мораше да се изолира од семејствата и пријателите, тие започнале редовно да се дружат во дворот што го дели само една ограда.

„Повеќе од една година, Бенџамин не видел други деца. Тој немаше контакт со никого, освен со неговото семејство и со Мери. Тие создадоа неверојатно силна врска”, изјавила за Today, мајката на момчето Сара Олсон.

Пријателството со Бенџамин е голема радост за Мери, која во декември ќе наполни 100 години. Таа го изгубила сопругот пред 37 години и сега ужива во друштво на малото момченце. Нејзините внуци и правнуци живеат во други држави во САД.

Отпрвин таа му мавтала на момчето низ прозорецот, а потоа започнала да излегуваа од куќата за да го поздрави. Ова на крајот се претворило во редовно дружење покрај оградата што ги одделува нивните дворови.

За време на потоплите месеци, тие сакаат да седат на скалите и да дуваат меурчиња од сапуница. Мери исто така му дала на Бенџамин една кутија со играчки кои му припаѓале на нејзиниот починат син.

„Понекогаш стануваше, зграпчуваше една рака песок или земаше камен и ми го даваше на подарок. Ме прави да се чувствувам добро”, рекла Мери, која ги смета Бенџамин и неговиот брат за „најблиските внуци“.

Вдовицата исто така истакнала дека ѝ недостасува Бенџамин кога времето е лошо па не можат да се дружат.

„Не знаев дека ѝ недостасува. Среќна сум што се имаат еден со друг”, вели мајката на момченцето додека ги брише солзите.

„Мери е навистина најдобрата пријателка на Бенџамин. Не само тоа, таа е неговата прва најдобра пријателка”, заклучува мајката Сара.

Фото: Јутјуб скриншот

[better-ads type='banner' banner='999' ]