Австралијанец со македонско потекло стана амбасадор на Џејми Оливер за Австралија

„И не сакајќи, само поради мојата татковска љубов и посветеност, станав познат, па мојот распоред стана толку пренатрупан што морав да го затворам мојот бизнис и да се посветам само на готвењето и на мојата мисија - сите деца ширум светот да добијат поздрави, похранливи и поубави оброци“, вели Џорџ (Гоце) Георгиевски.

0
153

Џорџ, или како што го викаат неговите Македонци, Гоце Геoргиевски, е роден во Австралија, кадешто неговите родители дошле во далечната 1968.година. За него, како впрочем и целиот свет,  дознавме преку неговиот блог Schoollunch box, како и преку неговите профили на Инстаграм и Фејсбук кадешто сега има повеќе од 100 илјади следбеници од целиот свет.

Неодамна тој потпиша договор и официјално стана амбасадор на Џејми Оливер, во Австралија и Нов Зеланд.

Тоа значи дека ќе го претставува секаде кадешто ќе ги подготвува неговите нови рецепти и ќе ја шири неговата филозофија која е и негова и со која и го привлече неговото внимание, а тоа е, похранлива, поздрава и повкусна исхрана за децата ширум светот, во нивните домови и во училиштата.

Џорџ е познат и како „Lunchbox dad“ и е вистински експерт за креирање на возбудливи, нутритивни и убави на око оброци за неговите две ќерки, или како што тој ги вика „чупиња“, секое утро.

Целиот текст и видеото порабарјте ги на порталот „Арт кујна“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]