Дали сте забележале дека своето дете секогаш го носите во левата рака и дека после неколку месеци веќе забележувате дека мускулите на левата рака ви се посилни од оние на десната? И колку и да се трудите да го префрлите детето на десната рака и да го носите така, тоа едноставно не ви оди.
Науката дава одговор зошто е ова така. Според него, речиси 80 отсто од луѓето задолжително ги носат децата баш од левата страна и тоа нема толку врска со тоа дали се тие леваци или деснаци, туку со тоа што носењето во левата рака е побезбедно за детето. Поентата е во тоа што со левата рака управува десната страна на мозокот, а таа е задолжена за процесуирање на информации, а особено на емоции.
Тоа значи дека носењето на детето во левата рака и овозможува на десната страна од мозокот подобро да го перцепира и подобро да го „гледа“ детето па така побрзо и полесно да ги воочи неговите потреби. И тоа е всушност единствена причина поради која уште на почеток се навикнуваме да го држиме детето во левата рака па затоа ни е потоа дури и тешко да ги замениме.