Зошто е телевизијата лоша за децата?

На сите ни е јасно дека денеска децата се одгледуваат пред телевизиските екрани. Признајте, секогаш кога сакате да завршите некоја работа, на детето му го вклучувате телевизорот!

0
464

Одговорот на прашањето дали е телевизијата добра или лоша е дека ниту е сосема добра ниту сосема лоша. Тоа значи дека не мора баш сосема да ја исклучите, што е секако многу тешко, но можете да ја „припитомите“.

  1. Создава зависност

Уште околу третата година од животот кај некои деца можеме да зборуваме за зависност од телевизијата. Тоа е најчесто последица од користењето на телевизијата како начин за смирување на децата, односно, за да си купите време за некои свои активности или за мир во куќа.

  1. Докажано влијае врз дебелеењето

Телевизијата поттикнува на неактивност, седење, а често и компулзивно јадење на грицки. Дебелината ја поттикнуваат телевизиските реклами и останатите содржини кои нездравата храна ја презентираат како примамлива и вкусна.

  1. Го нарушува заедништвото на семејството

Во семејства кадешто редовно се гледа телевизија, помалку се чита, помалку се разговара, помалку се играат друштвени игри… Постои опасност дека како последица од зависноста од телевизијата, децата нема да бидат толку под влијание на родителите колку што ќе бидат под влијание на ТВ пораките, наметнатите вредности и виртуелните слики на светот.

  1. Поттикнува на купување

Најчесто на производи кои воопшто не се потребни. Децата се посебно чувствителни на реклами, а нивната моќ за убедување на родителите да им купат одреден производ е токму најсилното оружје со кое се служат маркетиншките експерти.

  1. Поттикнуваат на насилство

Знаете ли дека веќе на 14 месеци децата го имитираат она што ќе го видат на ТВ? Едно од влијанијата на кои можат да бидат неселективно изложени се цртаните филмови, музичките спотови, филмовите што ги гледаат. Психолозите утврдиле дека изложеноста на агресивните сцени во цртаните филмови со сигурност го зголемува агресивното однесување кај децата. Според оценката на стручњаците еден од најнасилните цртани филмови е Брзата птица тркачка затоа што во него не е толку проблем тоа што е насилно, туку е особено опасно за децата тоа што самото насилство нема никаков смисол.

Гледајќи го насилството децата можат да станат помалку осетливи на страдањата на другите, можат да почнат да се плашат од светот околу себе, да добијат неточна слика за количината на насилие кое постои во реалниот свет.

  1. Физички е напорна

Психолозите сметаат дека гледањето телевизија за децата од претшколска возраст е многу напорна активност. Додека гледа цртан филм или филм, сите мускули на детето се напнати, забрзана му е работата на срцето, иако е телото пасивно. Ова доведува до стрес, вознемиреност и многу интензивни доживувања кои претшколското дете може да ги поднесе само во мала мера. Може да се каже дека гледањето телевизија претставува за детето дополнителен стрес кој може да се манифестира во облик на хиперактивност. Интересно е тоа што децата кои во рана возраст поминуваат премногу време пред телевизор, како седумгодишници ќе имаат значајни проблеми со концентрацијата.

Кои се добрите страни на телевизијата прочитајте тука.

[better-ads type='banner' banner='999' ]