Жан Митрев и градинката „Пиколини“ во мисија за здрави деца

Тимот на ресторанот во Клиниката на др.Жан Митрев секој ден, приготвува оброци од одбрани и свежи продукти, кои им ги доставува на децата од оваа градинка.

0
777

Грижата за здравјето на сите, од било која возраст е приоритетна мисија на ZAN MITREV CLINIC.  Mens sana in corpore sano во здраво тело здрав дух, како определба поттикнува  здрава исхрана и здрав начин на живот кој треба да се негува уште од најмала возраст. Во таа насока е и најновата соработка на ресторанот „Пулс“ кој функционира во Zan Mitrev Clinic со Интернационалната градинка „Пиколини“. Под мотото „За Здрави Деца со Здрава Исхрана“, во тек е реализацијата на соработката за  воведување на здрава исхрана во градинкaта.

За најмладата популација тимот на професионални готвачи во болницата, согласно потребите и возраста на децата изработи т.н. скроени менија. Искусните готвачи од ресторанот „Пулс“ од ZAN MITREV CLINIC, секој ден, приготвуваат дневни оброци од одбрани и свежи продукти и преку кетеринг услугата на ресторанот, навремено им ги доставуваат на децата од градинката. Избалансирана исхрана и стекнувањето здрави навики  од мали нозе е главната цел  на оваа заедничка соработка која треба да постигне и општествен импакт, да испровоцира вклученост и од други релеватни фактори. Затоа што проблемот со нездравата исхрана и дебелината кај децата е аларманта, светска тенденција која треба да се менува. Пиколини и Клиниката на Жан Митрев отпочнаа да го спроведуваат тоа преку воведување на здрава исхрана и здрави животни навики во градинката, онаму кадешто децата поминуваат најмногу време од денот и кадешто ги стекнуваат своите навики и го градат погледот на светот.                 Соработката е интердисциплинарна од едукативен и информативен карактер за најмалите. За нив ќе се организираат различни работилници и наменски настани, кадешто ќе треба да осознаат повеќе за нивната улога при водење на здрав живот преку исхраната и здравите животни навики.

Семафор на здрава исхрана

Готвиме со најмалите „шефови“

Запознајте го човековото тело и органите

Цртаме за пациентите

Кампања – да се храниме здраво

Ова се само дел од активностите кои треба да придонесат за здрава исхрана и правилен развој на децата и градење на свест за здрава исхрана.

[better-ads type='banner' banner='999' ]