„Приве“ располага со ласер и апарати за топење на масните наслаги, намалување на обемот на стомакот и колковите, со истовремено затегнување на кожата, технологија која дава брзи и ефикасни резултати во битката со целулитот и стриите.
За време на бременоста телото на жената претрпува многу промени, од кои дел се видливи однадвор, а ситуацијата дополнително се комплицира по породувањето кога физичките промени стануваат позабележливи. Прекумерна тежина, наталожени масти во пределот на стомакот, опуштена кожа, намален тонус на мускулите, изразен целулит на нозете и колковите, како и видливи стрии, се добро познатите маки на повеќето нови мајки. За справување со овие проблеми потребна е голема дисциплина, промени во начинот на живот и подолг временски период, но за брз и ефективен резултат неопходна е стручна козметичка помош, советуваат од реномираниот Центар за естетска козметологија „Приве“ од Скопје.
Со врвни третмани се решава
„Приве“ располага со врвна апаратура која е последен крик на технологијата во козметичката индустрија. Станува збор за ласерска метода која помага во топењето на масните наслаги и намалувањето на обемот на стомакот и колковите, со истовремено подобрување на тонусот на мускулите и затегнување на кожата. Апаратурата во „Приве“ помага и за брза битка со целулитот, како и со стриите кои се најголем кошмар на повеќето мајки.
Кој е всушност најдобриот начин за брзо враќање во форма по породувањето? Стручните лица од реномираниот Центар советуваат дека по породувањето најдобро е постепено да се намали големината на оброците, односно да се јаде почесто во помали количини. Притоа, треба да се внимава да се внесува храна со доволно витамини и хранливи материи за да не се наруши процесот на доење, но и здравјето на мајката. Доколку породувањето поминало добро, може да се почне со вежбање постепено, откако ќе поминат болките. Но, мајките не треба да брзаат да си ја вратат формата бидејќи за тоа ќе им требаат неколку месеци.
Промена на стилот на живот
Речиси сите нови мајки копнеат за рамен стомак после бременоста. Но, постигнувањето на тој ефект е прилично тежок и многу од нив разочарани се откажуваат за брзо време. Стручните лица од „Приве“ кои имаат искуство во оваа област велат дека доколку веќе сте ги направиле горенаведените промени во вашиот живот, тогаш можете да почнете со стомачни вежби и дополнителни ефикасни третмани кои ќе ви помогнат побрзо и поефикасно да стигнете до целта.
– Во „Приве“, со докажано ефикасен метод за намалување на мастите, успешно го решаваме проблемот на отстранување на телесните масти и затегнување на кожата. Со најмодерна и најсовремена апаратура се третираат деловите околу стомакот, горниот и долниот дел, за да се ослободите од непотребните масни наслаги. Со помош на нашата апаратура се зголемува производството на колаген и кожата почнува да го затега желудникот. Веднаш после првиот третман се отстрануваат во просек од 1,5 до 2,5 сантиметри во обем од половината. Самата апаратура е доволно ефикасна, но кога ќе ја комбинирате со мануелните третмани и со сите други совети ќе добиете уште подобри резултати – велат стручните лица од Центарот.
Трајни и веднаш видливи резултати
„Приве“ нуди најразлични третмани со кои желбите на новите мајки за затегнато тело стануваат реалност. Еден од нив е револуционерниот метод за намалување на масните наслаги со помош на „Зерона“ ласер.
– Методот е уникатен по тоа што резултатите се трајни и видливи веднаш по првиот третман. Она што ги прави поефикасни нашите апарати е тоа што тие содржат апликатор за лимфна дренажа, кој се нанесува на крајот од третманот. Лимфната дренажа е многу ефикасен метод, која во овој случај служи за да се забрза циркулацијата на маса и под притисок на лимфниот систем се врши елиминација на акумулираните вишок течности и токсини. „Зерона“ ласерот може да помогне при елиминирањето на масните клетки. Тој ги намалува телесните масти и на тој начин се намалува обемот кој се мери во сантиметри. Сепак, оваа метода за ефикасно и долготрајно решавање на проблемот со телесната маса се препорачува исклучиво по завршување со доењето кај младите мајки – објаснуваат од „Приве“.