Вистинска реткост: Вакво породување се случува еднаш во 80.000 случаеви (ВИДЕО)

Раѓањето e самo по себе вистинско чудо, но да се родите во недопрена плацента е навистина толку ретко што повеќето лекари и бабиcи никогаш не можат да го видат во текот на кариерата, пишува порталот „Јумама“.

0
1618

Раѓањето e самo по себе вистинско чудо, но да се родите во недопрена плацента е навистина толку ретко што повеќето лекари и бабици никогаш не можат да го видат во текот на кариерата, пишува порталот Јумама.

Кога детето ќе се роди, постелката или се отцепува во текот на породувањето, или лекарите ја продопчуваат со скалпел во текот на царскиот рез, но едно во 80.000 бебиња се раѓаат во цела постелка. Што значи дека ретко имаме прилика да видиме како бебешкиот живот изгледа внатре во матката. Ваквите раѓања се многу ретки.

Токму поради таа причина, видеото коешто неодамна е објавено на социјалната мрежа Фејсбук го воодушеви целиот свет.

Во овој клип од само 32 секунди можеме да видиме новороденче во постелка, собрано во положба на фетус без никаква идеја за тоа дека светот околу него се променил. Лекарите со масажа го извадиле бебето низ ѕидот на постелката, додека тоа продолжило сигурно да дише преку папочната врвка.

Во средниот век луѓето мислеле дека ваквото раѓање значи дека детето ќе има многу среќа во животот, како и дека ќе биде заштитено од давење. 

Видеото можете да го погледнете на следниот линк: www.facebook.com/ceudeborboletas.by.mis/

www.facebook.com/giselinha.correa/posts/1268873726469551

[better-ads type='banner' banner='999' ]