Од утре во Скопје Сити Мол почнува Саемот за деца и родители и ќе трае сѐ до недела. Благодарение на различните активности кои се атрактивни за сите возрасти, настанот кој преминува во традиција, ќе ги спои семејствата со многу изненадувања и забава за сите, особено за најмладите.
Од трговскиот центар најавуваат натпревари со многу подароци, тимски игри, предизвици, караоке, диско за деца и креативни работилници. Магионичар ќе ги забавува сите со своите трикови и ќе го доближи магичниот свет до децата. Тука е и Kids Disco каде што децата заедно со маскоти ќе се забавуваат на диско музика. Своето знаење ќе можат да го покажат на филмски квиз со прашања од детските филмови каде ќе се доделуваат бесплатни билети за кино. Еден од поинтересните натпревари ќе биде натпреварот на семејствата, каде што ќе се натпреваруваат семејствo против семејствo во извршување на задачи како што се: препознај го своето дете со врзани очи, најбрзо сложување на сложувалка итн. На натпреварот за брзо повивање мажите ќе ги покажат своите татковски способности и ќе се натпреваруваат еден против друг.
И оваа година, сите кои ќе го посетат саемот од 19 до 21 мај, ќе уживаат во шопинг со попуст и многу изненадувања во повеќето продавници за детска облека, играчки и други производи кои ќе достигнат и до 70%. Дел од нив се Sport Vision Kids, Extreme intimo, Просветно дело, Крш, Carters, Baby blue, AMC, Wenice, Baby centar, Okaidi, Теа Колорс и многу други.
Од Скопје Сити Мол најавуваат дека ќе ги наградат сите потрошувачи кои ќе купат производи во вредност над 1.500 денари, со професионална семејна фотографија, на која ќе бидат облечени во костими (избор од 60 различни костими), а за професионален изглед ќе се погрижат театарски шминкер и фризер.
Сите кои сакаат да бидат дел од настан кој измамува насмевки и буди моменти на вистинска среќа, се добредојдени викендов да го посетат Скопје Сити Мол. Целосната програма може да ја погледнете на www.skopjecitymall.com/saemzadeca.