И циметот може да убие!

Еден од интернет предизвиците коj постои со години е и „предизвикот со цимет“ чија поента да се проголта што поголема количина цимет и тоа да се сними со камера. Проблемот е што ова може да доведе до гушење, или барем да ги оштети белите дробови и да доведе до воспаленија и инфекции.

0
925

Тоа што е нешто природно и здраво не значи дека во големи количини мора да биде смртоносно. Ова важи и за циметот за кој сигурно сте слушнале многу пофалби, но доколку некој се обиде да изеде поголема количина, може да биде дури и смртоносен. Мајката на едно четиригодишно дете ја споделила својата приказна за нејзиниот четиригодишен син за кој циметот бил смртоносен.

Малиот Метју Рајдер зел од полицата со зачини лажица од овој миризлив зачин и за миг се нашол на подот обидувајќи се да дојде до воздух. Кога мајката Бријана го нашла, тој се гушел и преживувал напад. Успеала да го одведе во болница но било предоцна.

„Беше потполно здраво дете без никакви проблеми. Почна да се гуши кога зема цимет. Изгледаше како да има напад и само падна“, рекла скршената мајка која решила да ја сподели својата приказна како предупредување за другите родители.

Еден од интернет предизвиците кои постои со години е и „предизвикот со цимет“ чија поента да се проголта што поголема количина цимет и тоа да се сними со камера.

Проблемот е во тоа што ова може да доведе до гушење, затоа што преголема количина од сувиот прашок е тешко да се проголта и истата може да ги оштети белите дробови и да доведе до воспаленија и инфекции.

Циметот содржи циметалдехид, сличен на формалдехидот кој може да предизвика воспаление на слузокожата доколку се вдише низ нос што е составен ден од овој предизвик.

Предизвикува кашлање, гушење и повраќање, а неретко и голема жед затоа што доаѓа до дехидратација. Пневмонија, воспаление и престанување на работата на белите дробови се само некои од појавите, а може да биде и смртоносно како што било случај и со ова дете.

„Циметот може да ве убие и тоа е нешто за што децата и повозрасните кои се одлучуваат на овој предизвик не обрнуваат внимание“, предупредила Бријана.

[better-ads type='banner' banner='999' ]