Повеќето родители им велат на своите деца да не си играат со нивната храна, но за сликарката Алиа Чаглар и нејзината 3-годишна ќерка, Стефани, играта со храна, е дел од нивната секојдневна забава.
Користејќи ја моќта на перспективата, Чаглар држи парчиња овошје, зеленчук и цвеќиња на вистинско растојание и во вистинска позиција, такашто тие ја покриваат малечката Стефани и со помош на оптичка илузија се преобразуваат во гламурозни фустани.
Благодарение на фотографиите Стефани стана инстаграм сензација, со над 22 илјади следбеници.