Децата на сочувствителни родители имаат добро познати придобивки: тие се помалку депресивни, помалку агресивни и поемпатични. Родителите исто така забележуваат поголема самодоверба кај децата, кога ќе се потрудат да ги разберат нивните чувства.
Но, однатре, ги уништува.
Тим на универзитетот Nortvestern ги испитувал скриените недостатоци на родителската емпатијат. Откриле дека иако децата на сочувствителните родители се чувствуваат подобро физички и емоционално, клетките на родителите откриваат хронично воспаление со низок интензитет. Кога нивното дете страда психолошки, имунолошкиот систем на родителите слабее.
Истражувачите испитале двесте четириесет и седум двојки родители и нивните адолесценти, утврдувајќи колку често и до кој степен родителите можат да ги разберат чувствата на своите деца и да реагираат со соодветна загриженост. Тие исто така зеле и примероци од крв. Сочувствителните родители и нивните деца психолошки подобро се снашле. Децата на сочувствителните родители исто така покажале и пониски нивоа на маркерите за воспаленија. Резултатите на нивните родители биле сосема спротивни. Нивните примероци откриле системско воспаление со низок степен.
Таа студија, објавена на Интернет кон крајот на минатата година, а кратко време потоа и во списанието Health Psychology, следувала по истражувањето објавено минатата година во списанието Clinical Psychological Science. Во тоа истражување, тим научници од универзитетот Nortvestern испитале сто четириесет и три двојки родители и нивните деца на тинејџерска возраст на тема родителска емпатија и детска депресија. Една година подоцна, од родителите се земени примероци од крв и била воведена бактериска компонента заради проучување на имунолошкиот одговор.
Како што се зголемувале депресивните симптоми на нивните деца, така се зголемувале и маркерите за воспаленија на сочувствителните родители. Наодите биле во согласност со претходните истражувања кои покажуваат дека старателите на лица со хронични заболувања со тек на време развиваат хронично воспаление и зголемено лачење на хормоните на стрес.
Зошто е тоа така? Сочувството бара од нас да ги туркаме своите чувства настрана за да се фокусираме на туѓите, и тој напор е поврзан со зголемен стрес и поголемо воспаление. Сочувствителните родители можеби се подготвени да го жртвуваат своето здравје заради своите деца, отфрлајќи ги работите како сон, вежбање и други активности што можат да го намалат стресот.
„Семејната терапија честопати ги советува родителите како да бидат сочувствителни, со оглед на огромната придобивка што ја има тоа за децата. Меѓутоа, ако тоа емоционално оптоварување доведува до физичка штета, родителите треба да се научат како да се грижат за себе“, вели Ерика Менцек, дипломиран психолог на универззитетот Nortvestern, и главен автор на двете студии.
„Работите како редовно спиење, вежбање и намалување на стресот, се поврзани со овие типови на имунолошки процеси“, изјавила Менцек за онлајн магазинот „Кварц“. „Родителите не се себични ако одвојат време за овие работи – тие се всушност многу важни за нивното ментално и физичко здравје“.
Фото: Pexels