Тинејџери: Каде за дочек?

Психолозите советуваат да не им забранувате на децата дочек на Новата година со пријателите, но да проверите, каде и со кого одат, како и да воспоставите одредени правила

0
189

Најчесто тинејџерите сакаат да ја дочекаат Новата година со пријателите, во нечија куа или во кафуле. Родителите се често во недоумица дали да им дозволат, до колку часот да се вратат, како и дали да ги пуштат во клубови и дискотеки. Психолозите советуваат да не им забранувате на децата дочек на Новата година со пријателите, но да проверите, каде и со кого одат, како и да воспоставите одредени правила.

Тоа значи дека треба да разговарате со нив за тоа каде планираат да слават и со кого. Ако детето сака да оди на домашна забаа, важно е да ја знаете адресата или бројот на телефонот, а најбезболен начин да го дознаете тоа е да го однесете на прославата. Ако сака да оди во диксотека или во кафуле, добро распрашајте се какво е тоа место, кој оди таму и како се прославува. Ова треба да го дозолите само ако сметате дека е вашето дете доволно зрело за да излезе на крај доколку се соочи со непријатности. Сепак, не заборавајте дека е само тинејџер и ека може да се случи под влијание на друштвото да се најде во неволја. Затоа разговарајте со него за опасностите, потсетете го да не консумира алкохол и обезбедете му безбедно враќање дома.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]