Изгледа дека месецот на породувањето, односно, годишниот период кога жената се породила не влијае само врз бебињата, туку и врз мајките.
Иако постојат толку многу фактори кои можат да предизвикаат постпородилна депресија, неодамна се објавени резултати од интересно истражување во кое се обиделе да ја откријат врската помеѓу датумот на породувањето и развојот на таа дијагноза.
„Сакавме да дознаеме дали постојат некои фактори кои влијаат врз ризикот од развој на постнатална депресија кои можат да се избегнат за да се подбри здравјето на жените после породувањето, и физички, и ментално“, истакнал овој викенд во Бостон главниот автор на истражувањето др.Џи Џоу, а е објавено на порталот Mummypages.
Според нивните сознанија, за жените кои раѓаат во зима или во пролет е помалку веројатно дека ќе страдаат од постнатална депресија, во однос на жените кои раѓаат на лето или есен.
Тимот ја анализирал медицинската документација на повеќе од 20.000 жени кои родиле помеѓу јуни 2015.и август 2017.година, а дури 817 жени, односно, 4,1 отсто од нив, страдале од постопородилна депресија.
Врз основа на нивните податоци истражувачите многу брзо воочиле дека речиси сите кои страдале од постпородилна депресија родиле во лето или во есен. Тимот истражувачи дошле до заклучок дека тоа можеби се јавува заради периодот во кој жените се опоравуваат и не излегуваат од дома, иако е надвор времето прекрасно. На зима и во пролет нашиот организам се уште е навикнат на тоа да поминуваме доста време дома.
Но не се само тие можни причини. Наведено е дека и надносената бременост често значи и помал ризик од развој на депресија, додека пак епидуралната анестезија е спомената како уште една можна причина за развој на симптомите.
Во секој случај, постопородилната депресија е дијагноза како и секоја друга и околу неа не смее да има табуа.