Tатко го гледал раѓањето на своето прво дете преку Zoom

Желбата на еден татко да присуствува на раѓањето на неговото прво дете не можела да му се исполни поради пандемијата на коронавирусот. Сепак, овој татко нашол начин.

0
160

Пандемијата на коронавирусот донесе големи промени во целиот свет. Особено во болниците, мерките за претпазливост се прилично строги. Затоа, за да се зачува здравјето на трудниците и новородените бебиња, мерките во родилиштата се дополнително зајакнати. Во повеќето родилишта ширум светот, не им е дозволено присуството на татковците.

Една необична приказна за таткото кој го следел породувањето преку видео-повик многу броз се проширила низ светот.

Таткото Марти Ганделман решил. Кога веќе не може физички да присуствува на породувањето, да го направи тоа преку видео-повик.

Неговата сопруга се породила на 27.март и го родила првото бебе, и тоа после четири обиди за вонтелесно оплодување.

„Тој се грижеше многу повеќе од мене бидејќи Џејк е наше прво дете. Тој беше многу тажен што не можеше да го види моментот кога ќе се роди бебето. Кога ме внесоа во родилната сала, не ја замислував камерата како камера, туку како да е Марти покрај мене. Ме смируваше тоа што знам дека е тука“, објаснила Стефани.

„Бев тажен што не можев да го земам во рацете и да го бакнам, но видов дека е во добри раце. Се чувствував како да сум во собата со нив”, прераскажал среќниот татко.

[better-ads type='banner' banner='999' ]