СТОП ЗА СТРИИТЕ ВО БРЕМЕНОСТА!

0
2183

Кога се спомнуваат стриите, најчесто се помислува на трудниците кои се веројатно најподложни на нивно создавање, посебно на стомакот поради неговото нагло зголемување. Дури 70 отсто од жените во текот на бременоста поради трансформацијата на телото, ширењето на коските и растот на плодот, добиваат стрии.

Стриите се појавуваат во втората половина од бременоста, а најчесто се јавуваат на стомакот, задникот, колковите, бутините и градите, какоцрвени линии. Иако самото напукнување на кожата не е болно, стриите можат да предизвикаат иритација и непријатно чешање.

Иако постои теорија дека генетиката го одредува квалитетот на кожата исврзувачкото ткиво и дека на појавата на стрии влијае наследниот фактор на еластичност на кожата, постојат и мерки за превенција, кои секоја бремена жена треба да ги преземе за да го спречи настанувањето на стрии во бременоста или барем да го ублажи интензитетот на нивната појава.

Потребно е повеќе пати во денот од најраната бременост да се нанесуваат хранливи креми, мелеми и масла на критичните подрачја, со цел да се одржува еластичноста на кожата. Тајната за спречување на појавата на стрии во бременоста е во тоа кожата да остане еластична и влажна.

За регенерација на кожата можат да помогнат маслото од роза и камилицата, какао путерот, маслиновото масло, масло од кајсија од пченични никулци, како и млеко кое содржи овошна киселина

Кожата треба да се масира со ракавица или сунѓер за масажа за да се зајакне циркулацијата.

Потребно е да се консумира храна богата со белковини, витамини Е и Ц и цинк. Витаминот Е е присутен во маслиновото и сончогледовото масло, но и во маслото од пченични никулци, како и во морковот, доматот, пченката, овесот. Исто така, потребно е во организамот да се внесуваат многу вода и течности.

Потребно е да се избегнува во добивање на тежината, со цел кожата да има доволно време да се адаптира на новиот облик на телото и да ја задржи својата еластичност.

Доколку сте бремени или доите, секогаш носете градник при секоја физичка активност. Доколку не го правите тоа, го оштетувате сврзувачкототкиво на градите, така што со развојот на стриите доаѓа и до опуштање на градите.

Стриите изгледаат како бразди, имаат различна ширина и длабочина, што зависи од интензивноста на растегнувањето на кожата. Можат да бидат розови или црвени, а подоцна стануваат виолетови. Кога ќе се појават неретко предизвикуваат чешање и пецкање. По извесно време тие се израмнуваат со површината на кожата, па стануваат неколку нијанси посветли од нејзината природна боја и поради тоа секогаш се видливи. Многу жени од својот пубертет живеат со стрии, а некои поради тоа имаат комплекси, па дури и психички проблеми.

Ви претставувме неколку совети како да ги ублажите стриите и да ги направите одвај забележливи:

  • Водата е многу важна за одржување на еластичноста на кожата, затоа консумирајте ја во големи количини.
  • Путерот од кокос за кожа придонесува за производство на нов колаген. Масирајте ги местата на кои се појавиле стриите со него колку што можете почесто.
  • Консумирајте храна богата со витамини Ц и Е, силициум и цинк. Вклучете ги во вашата исхрана јајцата, рибата, јаткастите плодови, морковите, цитрусните плодови и млекото. Таквата храна го стимулира создавањето на колаген, кој што е неопходен за еластичност на кожата.
  • Стриите се многу чувствителни на сончева светлина. Затоа, користете силни заштитни фактори особено на местата каде се наоѓаат стриите или заштитете ги со облека.
  • Маслиновото масло, исто така, помага во брзото ублажување на стриите.
  • Правете пилинзи еднаш во две недели, заради побрзо обновување на горниот слој на кожата.
  • Масажа за еластичност. Доколку сте генетски склони кон создавање на стрии или веќе ги имате на одедени делови на телото, пожелно е да се погрижите да не ги добиете на други места. Местата кои се најподложни за појава на стрии масирајте ги со специјална ракавица за масирање за да ја поттикнете циркулацијата. Користете хидратантни и хранливи креми секој ден, за да ја одржите кожата поеластична.
[better-ads type='banner' banner='999' ]