Се фаќате ли понекогаш себеси како неконтролирано викате во обидите да воведете ред во својот дом? Како да го смените тоа, а сеедно на децата да им дадете на знаење дека мора да бидат послушни?
Прво размислете кои се најчестите причини за вашиот покачен тон. Детето не го направило она што сте го барале од него? Премногу е бучно, не слуша или се кара со вас? Главно, фокусот е секако на децата. Но причината за покачениот тон е најчесто многу едноставна, не се поврзувате со децата.
Звучи по малку патетично, но ако размислите малку подобро, многу ретко имате време да седнете со детето и мирно да му објасните што и како треба да направи, повеќето работи му ги кажувате патем, додека готвите ручек или средувате дома и притоа имате на ум барем уште 10 задачи кои мора да ги направите пред да си легнете.
Како да престанете да викате?
Приближете му се на детето. Допрете му го рамото и со смирен тон кажете му што имате да му кажете. Освен што детето ќе ве сфати многу посериозно, нема да имате нервни испади туку ќе останете смирени.
Кога детето плаче или вреска, приближете му се.
Кога ги игнорира вашите барања, приближете му се.
Кога децата ќе почнат расправа, не викајте, туку приближете се и тивко одговорете му.
Резултат? Можеби нема да упали од прва, но откако неколку дена нема да го покачите тонот ниту еднаш, ќе сфатите дека ситуацијата полека почнува да се менува. Да се менувате вие, но и вашето дете.