Научниците немаат усогласен став за спиењето на родителите и децата во ист кревет.
Додека едни тврдат дека тоа не е добро затоа што го зголемува ризикот од смрт на новороденчето и го прави детето помалку самостојно подоцна во растењето, другите сметаат дека неа да се сучи ништо лошо ако спиете во ист кревет со детето.
Ниту студиите не даваат јасен одговор. Некои покажуваат дека спиењето во ист кревет со родитеите создава подлога за подоцнежна анксиозност. Други утврдиле дека бебињата кои спијат со родителите имаат подоар сон од оние кои спијат во своето креветче.
Сепак, вистината е дека нема многу научни докази за оваа тема.
Според професорот за детски развој на Отворениот универзитет Дејвид Месер, од етичка страна не би било во ред да се спроведуа експеримент и да се замоли група на мајки да спијат со бебињата, а другите да не го прават тоа.
Студиите кои се спроведуваат обично се правени на мал број испитаницци, па не се валидни и е невозможно да се изведе конечен заклучок.
Сепак, не треба да се зголемува значењето на ова прашање, затоа што, како што вели Месер, децата во текот на растењето доживуваат различни аспекти на грижа. Исто така, малку е веројатно дека нешто како што е спиењето во заеднички кревет е има негативен ефект на подоцнежниот развој.