Сите фази на одвикнување од пелени

За сите оние кои немаат трпение да чекаат потопли денови

0
2015

Одвикнувањето од пелени може да биде прилично стресно за детето. Со одвикнувањето од пелени детето првпат свесно ја губи сигурноста што ја имало во топлата непропустлива пелена.
Еве неколку чекори кои децата најчесто ги поминуваат во периодот на одвикнување од пелените и низ кои минуваат повеќето од нив. Кога ќе забележите дека пелената почнува да му пречи на детето, тоа значи дека е време за одвикнување. Бидете подготвени на фрустрации, будење ноќе и често менување на постелнината. Брзо ќе помине!

1. Негирање
Многу често родителите се обидуваат да го оправдаат детето. Иако е време за одвикнување од пелените, се тешат дека е детето се уште мало за тоа и веројатно исплашено од проблеми при одвикнувањето.
2. Преокупација
Одвикнувањето од пелени понекогаш изгледа како некој култ. Ќе го преокупира целото семејство, ќе најдете книги за одвикнување од пелени и постојано ќе зборувате за тоа.
3. Збунетост
Tаман кога ќе научите се од книгите и ќе ги прочитате сите форуми на оваа тема, кај вас се оди наопаку. Сигурно ќе ве збуни ритамот на детето, особено ако иако неколку дена се било во ред, наеднаш почнат да се случуваат незгоди. Седење по половина час на шолја или на нокшир и веднаш потоа детето се мочка во гаќи. Ова им се случува речиси на сите!
4. Лутина
Ви изгледа како да сте заробени дома поради сето ова. Како се друго да застанало и светот се врти околу пелените. Честопати ова знае да ги разлути родителите, особено ако одвикнувањето не оди толку лесно, туку детето често мочка по подот или по теписите. Фрустрацијата е сосема нормална но обидете се да ја скриете од детето.
5. Восхит
Сите оние фрустрации и лоши моменти ќе бидат заборавени за секунда кога детето првпат ќе побара да оди во тоалет или да седне на нокшир затоа што има потреба да се измочка. Веројатно ќе се чувствувате како да сте добиле на лото и и ќе имате потреба да им се јавите и да им се пофалите на сите.
6. Повторена фрустрираност
После првото успешно одење во тоалет родителите често помислувааѕ дека одвикнување е завршено. Но понекогаш незгодите повторно ќе се случуваат, а вам и натаму ќе ви биде потребна трпеливост. Понекогаш ќе ви изгледа дека ова никогаш нема да заврши.
7. Премислување
Ако фазата на одвикнување е долга и нецелосно успешна, многу родители заклучуваат дека е очигледно премногу рано за одвикнување, па ги враќаат децата во пелени. Но ако детето има само една незгода на неколку денови, тоа е сосема нормално, ако паак мокрењето во гаќи е правило, а не исклучок, тогаш е можеби навистина време за одмор.
8. Поткупување
Секој родител барем еднаш се наоѓа во ситуација кога повеќе или помалку свесно се обидува да го подмити детето со некоја играчка. Во оваа фаза детето ќе ве потсети дека контролата на мочниот меур е нешто што мора да го научи а не нешо со што сака да ве лути.
9. Изненадување
Нема ни да забележите, а напредокот наеднаш ќе биде тука. Без најава, вез голема помпа, еден ден ќе сфатите дека одвикнувањето било успешно.

[better-ads type='banner' banner='999' ]