Што значи кога бебето се смешка во сон?

Не можеме да не се запрашаме што сонува детето во моментот додека го гледаме како се спие и се смешка во сон.

0
4274

Сигурно многу пати сте го гледале бебето како спие.

Многу бебиња  при спиењето прават многу гримаси и движења. За време на длабок сон чести се нагли движења на раката или ногата, намрштена гримаса или насмевка. Не можеме да не се запрашаме што сонува детето во тој миг.

Сонот на бебињата битно се разликува од сонот на возрасен човек. Додека возрасните само 20 отсто од времето минуваат во РЕМ фаза, односно во фаза на сонување, кај бебињата е тоа речиси 50 отсто.

Стручњаците заклучуваат дека со оглед на количината на време што го минуваат бебињата во РЕМ фаза, многу е веројатно дека сонуваат. Секако, односот на времето поминато во РЕМ фаза не може да се споредува во целост затоа што процесите кои се одвиваат се целосно различни.

Речиси секогаш ги сонуваме оние ситуации во кои веќе сме се нашле и искуствата кои веќе ги имаме, само со изменети детали, па судејќи по тоа и децата веројатно се сонуваат прво самите себе, својот плач и основните физиолошки потреби, а со време, кога ќе почнат да памтат лица и гласови. сигурно ги сонуваат мама и тато.

[better-ads type='banner' banner='999' ]