Што треба да знаете за ќотекот како воспитна метода?

Децении на истражување покажуваат дека тепањето може да биде и контрапродуктивно и небезбедно.

0
967

Ајде да се соочиме со тоа дека да се биде родител не е секогаш лесно. Има денови кога сте истоштени а вашето дете како да ве тестира колку уште можете да издржите. Можеби ќе реагирате импулсивно и ќе го удрите вашето дете. Понекогаш дури и оние кои се вообичаено прибрани и имаат самоконтрола, може да избувнат – и ваквиот импулсивен испад е човечки, особено ако и вие понекогаш сте добивале по некоја шлаканица или удар по газот од вашите родители. Во моментот ова може да ви донесе брзо ослободување и можеби да го збуни и да го запре вашето малечко.

Секако, ова не може да биде долгорочен метод за добро воспитување на вашето дете. Напротив, можете да предизвикате токму спротивно однесување од она што ви била намерата. Еве што треба да знаете на оваа тема.

Зошто не треба да го удрите?

Нема ништо лошо во чувството да се добие нагон за ваква реакција и многу родители го почуватвувале истото барем понекогаш. Во многу семејства, ова било нешто што се случувало и се пренесувало од родителите на децата, можеби е случај и со вашето семејство па можеби и си викате: ете сепак сум пораснал во нодмален човек. Оттука, можете да заклучите дека понекогаш ова и не е толку лош метод.

Но, речиси сите експерти се согласуваат: време е тепањето да замине во пензија. Тоа не е само неефикасен метод, туку е и штетно за физичкиот, психичкиот и социјалниот развој на детето.

Еве зошто

Тоа не ја постигнува целта. Наместо да ги научи децата да прават разлика помеѓу доброто и злото, тепањето само го учи детето од што ќе заработи ќотек. Така, додека децата можат да се воздржат од однесување што знаат дека ќе резултира со удирање по газето, не развиваат самоконтрола.

Ќотекот им дава лош пример и ги учи на насилно однесување. Тепањето претставува злоупотреба на моќта од страна на голема и силна личност против малечка, послаба од неа, дефинитивно, однесување кое не би сакале да го поттикнете кај вашето дете. Всушност, истражувањата покажуваат дека децата кои се тепани има поголема веројатност дека ќе користат физичка сила против своите врсници, а подоцна и против сопствените деца.

Тоа не го поттикнува моралот кај децата, напротив, може да биде понижувачко за децата, да им ја намали самодовербата, па дури и да ги наруши вашиот однос со детето.

Тепањето нема да им даде шанса да научат дека постојат и други начини за справување со лутината и со фрустрациите, а може да доведе и до сериозни последици врз детската психа.

Можат ли децата да израснат во среќни, здрави и добри луѓе и покрај неколку удари? Апсолутно. Но со толку многу алтернативи, нема потреба од тоа.

Од 1988 година, американската академија на педијатри, е против ќотекот како дисциплински метод во било која ситуација.

[better-ads type='banner' banner='999' ]