Истражување во кое учестувале 2.000 родители покажало дека просечен возрасен човек смета дека дете старо осум години треба само да знае да си ги врзе врвките и да си ги измие забите, до седмата година би требало да знае да вози велосипед, а клуч од дома би требало да има до 14.година од животот.
Многу родители веруваат дека на деветгодишните деца треба да им се дава џепарлак и треба сами да се тушираат, да ја ставаат валканата облека во машината за перење во осмата година, а пред 14-тата не треба да имаат профили на социјалните мрежи.
Исто така, повеќето родители сметаат дека дванаесетгодишниците можат да имаат свој мобилен телефон и дека отприлика на таа возраст се доволно способни сами да одат и да се враќаат од училиште.
Секако, секое дете е различно, но интересно е да се види што очекуваат мајките и татковците и што им дозволуваат на децата на одредена возраст. Така на пример, повеќето од нив сметаат дека тринаесетгодишно дете може неколку часа да биде само дома, а десетгодишниците можат да преноќат кај другарче или тоа да преспие кај нив.
Интересно е исто така дека 25 отсто од родителите се сметаат себеси за строги родители во однос на останатите родители, а четворица од десет велат дека го чувствуваат притисокот од другите родители да му дозволат на своето дете одредени работи.