Што е поделотворно кај децата, казната или наградата?

Според зборовите на психолозите, казните многу посилно влијаат на мозокот

0
386

Истражувањето кое го спровеле психолозите на Медицинскиот факултет на Универзитетот Вашингтон докажало дека е казната сепак многу поделотворна од наградувањето на детето за добро однесување или некоја друга современа техника на воспитување.

Во едноставен експеримент научниците им давале на испитаниците казна или награда по донесувањето на одредени избори за да видат што има посилно влијание на децата, односно, дали ќе го повторат тој избор или не.

Студијата покажала дека наградата ги прави посклони да го повторат претходниот избор, а влијанието е посилно ако наградата секој пат се зголемува.

Но оние кои добиле казна имало мала веројатност дека повторно ќе го направат истиот избор.

Според зборовите на психолозите, казните многу посилно влијаат на мозокот, такашто негативните повратни информации се многу поделотворни од позитивните повратни реакции во модифицирањето на детското однесување.

Повратната информација не мора да биде остра, затоа што децата имаат тенденција да реагираат на ист начин без оглед на тоа колку е реакцијата силна, сѐ додека е негативна. Од перспектива на еволуцијата, луѓето имаат вродена тенденција да избегнуваат казни или опасни ситуации, додека наградите сепак имаат помало влијание.

Истражувачите резултатите ги објасниле сликовито со една реченица.

Родителите мислат дека еднакво силно влијание има ако на детето му дадат 25 центи кога ќе направи нешто добро и одземањето 25 центи кога ќе направи нешто лошо, но сепак не е така.

Иако ова истражување ја покажало делотворноста на повратните информации, постои уште еден начин кој им одговара на сите пристапи за воспитување на детето.

Секое дете и ситуација бара различни техники и на родителите не им е цел секогаш едноставно да го казнат детето за да го добијат саканото однесување.

Казната не може го научи детето на животната лекција која сакате да му ја пренесете, затоа разговорот и постоењето на квалитетен пример во животот на детето се многу важни.

[better-ads type='banner' banner='999' ]