За многу двојки, новиот член во семејството дошол непланирано, но постојат и оние кои мора добро да се помачат за да го добијат толку саканото потомство. Позитивните промени во исхраната и животниот стил можат да го забрзат тој процес.
Некои продукти навистина благотворно делуваат на половите клетки, затоа не би било лошо да ги вклучите во вашата исхрана.
СПАНАЌ
Овој лиснат, зелен зеленчук содржи фолна киселина која е неопходна за здрав развој на плодот, но и за производство на сперматозоидите и работењето на јајчниците. Исто така, спанаќот е одличен извор на железо и витамин Ц, кои што го спречуваат оштетувањето на генетскиот код.
ЖИТО СО ЦЕЛО ЗРНО И МЕШУНКИ
Комплексните јаглехидрати како овесот, кафениот ориз и различните видови на грав ќе ви ја дадат сета потребна енергија за сексаулни активности. Меѓу другото, изобилуваат со витамини Б и Е кои се неопходни за развој на клетките, хормоналната рамнотежа и за здрави јајце – клетки.
МЕД
Медот изобилува со минерали и аминокиселини кои позитивно влијаат на репродуктивниот состав и работењето на јајчниците.
РИБА
Рибите како лосос, сардина или скуша се богати со омега – 3 масни киселини кои поттикнуваат циркулација и влијаат на квалитетот и активноста на јајце – клетките.
ШКОЛКИ
Школките содржат цинк кој е заслужен за производство на здрави сперматозоиди и јајце – клетки. Цинкот, исто така, можете да го најдете во гравот, јајцата, оревите, жито со цело зрно и семки од тиква.
МЛЕКО
Една до две шолји полномасно млеко дневно поволно делуваат на јајчниците. Можете да консумирате и полномасен јогурт и сирење бидејќи на вашето тело му требаат и малку маснотии за да може да ги апсорбира хранливите материи за плодност.
Традиционалната медицина истакнува дека топлата храна ја подобрува плодноста, а премногу свежите продукти го отежнуваат работењето на органите за варење, особено навечер. Затоа, варето го зеленчукот на пареа.