21-годишната уметница која на социјалните медиуми објавува под името Zinteta, сето тоа го бои со бои на виножитото и сјај. Нејзините шарени претстави на стрии, менструална крв и на женската анатомија имаат за цел да го поттикнат самољубието во срцата на девојките и жените кои можат да се чувствуваат засрамени од своите тела.
„Стриите се дел од нашата суштина, нашите моменти, нашите животи, нашите приказни и од нас“, пишува таа на Инстаграм. „Да се прифати сето ова значи да ги прифатите вашите корени, вашата историја, сè во неа и, на крајот на краиштата, да се прифатите себеси.“