Минатата година Светската здравствена организација објави прилично шокантни податоци повикувајќи ги владите на сите земји да поефикасно да го поттикнуваат и поддржуваат доењето. Процениле дека државите би требало да издвојуваат само 4,70 долари по бебе за мајките да ги дојат своите бебиња првите шест месеци.
Секоја година умираат 820.000 деца помлади од пет години ид последици на недоење, покажала студијата на британското медицинско списание The Lancet.
Доењето штити од болестите поврзани со диареја и респираторни инфекции кои се водечки причини за смрт на бебињата во земјите во развој, стои во заклучоците. Доењето е поврзано и со намалување на ризикот од детска леукемија. Според извештај од 2015.година можеле да бидат спречени 14 до 20 отсто од сите случаи на детска леукемија ако бебињата биле доени шест месеци или подолго.
Доењето го намалува ризикот од ненадејна доенечка смрт, која само во САД зела 1600 животи во 2015.година. Исто така, бебињата кои се доени покажуваат поголем коефициент на интелигенција, што долгорочно гледано им ги зголемува шансите за поуспешен живот, истакнува СЗО во својот извештај.
Доењето им носи бројни придобивки и на мајките. Освен што го намалува ризикот од рак на дојка и јајници, помага за побрзо опоравување после породувањето, враќање на матката во првобитната состојба и зближување на мајката и бебето. Според The Lancet, доењето може да спречи 20.000 случаи на смрт од рак на дојка секоја година.
Жените во светот престануваат да дојат од различни причини – недоволна едуцираност за доењето, верување во старите приказни дека млекото може да биде лошо или воденесто (такво млеко не постои), заради враќање на работните места и соочувањето со бројните предизвици на балансирање на кариерата и семејството, издојување и складирање на издоеното млеко, болести…
Истовремено, производителите на заменски формули за бебиња трошат помеѓу 4 и 6 милијарди годишно само на рекламирање на заменските млека. Според Меѓународниот код за рекламирање на заменските млека, прифатен во 1981. од страна на СЗО, промовирањето на формула не е дозволено. Но сепак, трудниците и новите мајки добиваат примероци на различни формули на саемите, на лекар, па дури и во поштенски сандачиња.
Идеализирањето на формулата како „златен стандард“ е еден од најголемите фактори кои влијаат на ниската стапка на доење, покажало истражувањето на ResearchGate. Таквото маркетиншко излагање ги уверува мајките дека нивното млеко е посупериорно во однос на мајчиното млеко, како и дека е тоа повеќе за оние од повисоките класи, додека доењето е пракса за сиромашните, пишува Huffington Post.
Светското здравствено собрание ги повикува владите да вложат 5,7 милијарди долари до 2025. во програма која ќе го држи под контрола рекламирањето на заменските млека, а истовремено ќе едуцира советници за лактација, ќе ги подобри условите за породилно отсуство, како и за доење на работното место. Проценуваат дека со тие пари би спасиле 520.000 деца.
СЗО истакнува дека секое бебе треба да биде исклучиво доено (без додавање на формула, вода или чај) до шестиот месец од животот, а подоцна со пригодна дохрана. Препорачуваат доење до 2.година од животот на детето, а потоа, според желбите на мајката и детето.
Оттаму се обидуваат да влијаат врз владите укажувајќи им колку самите држави губат не вложувајќи во доењето. Со смртта на бебињата се губи човечки капитал од кој секоја држава би можела да просперира во иднина. Освен тоа, трошоците за лекување на болестите како последица од доењето се огромни. Истакнуваат дека секој долар вложен во доењето ќе се врати со 35 долари во иднина.