Во својата колумна на порталот Your Tango Еден Стронг, самохрана мајка на две деца поаѓајќи од своето искуство, ги советува напуштените мајки како да се постават и што да им кажат на своите деца како одговор на прашањето: ЗОШТО?
„Те сакам. Многу ми е жал затоа што тато донесе одлука која не повреди, кога си замина, но ти не си виновна за тоа. Тој не е лоша личност, само донесе лоша одлука која повреди многу луѓе и многу ми е жал што тоа те повреди тебе. Те сакам повеќе од што може да те сака било кој татко на светот затоа што секогаш ќе те сакам најмногу“.
Уверете го вашето дете дека е сакано. Без оглед колку сакате, без оглед колку е длабока вашата лутина, не зборувајте лошо за него. Уверете го дека личноста која му дала половина од неговата ДНК не е лош човек, дека тоа во себе нема ништо зло. Признајте ја неговата болка, признајте дека тоа што се случило предизвикува страдање, затоа што детето сака да го слушнете.
Искрено кажете дека ги немате сите одговори, дека кога би можеле би ги поправиле работите, но не можете. Дајте му на знаење дека ќе бидете тука секогаш кога ќе сака да разговарате. Редовно потсетувајте го колку е прекрасно и дека неговиот татко не си заминал од него заради нешто што тоа направило. Кажувајте му ја најискрената и најмоќната вистина што ја имате, а тоа дека го сакате повеќе од се и дека ќе го поминете остатокот од животот сакајќи го доволно и за оној што недостасува затоа што секој поминат момент со него за вас е благослов. Кажете и дека и покрај тоа што татко му си заминал, вие сте среќни затоа што го оставил со неа својот најдобар дел.