Програма за самовработување за самохрани мајки

Во следниве три месеци Бизнис Конфедерацијата на Македонија, Здружението на Бизнис Жени и Институтот за Менаџмент поддршка ќе ја спроведуваат програмата за (само)вработувањe на самохрани мајки и жртви на семејно насилство. За време на сите активности на проектот обезбеден е простор и стручни лица за чување на малолетни деца.

0
874
Young Woman With Baby Working From Home

Бизнис Конфедерацијата на Македонија, Здружението на Бизнис Жени и Институтот за Менаџмент поддршка во следниве три месеци ќе ја спроведуваат програмата за (само)вработувањe на самохрани мајки и жртви на семејно насилство, која има за цел да им понуди поддршка на жените кои имаат потреба за сопствено економско зајакнување.

Станува збор за бесплатна програма која е дизајнирана за да им понуди помош при вработување и самовработување на самохраните мајки. Имено, преку циклус од пет обуки тие ќе добијат знање и вештини кои реално се потребни на пазарот на труд, потоа пријавените учеснички ќе добијат можност да соработуваат со жени претприемачки кои ќе бидат нивни менторки и ќе им пружат поддршка и совети како полесно да најдат вработување или да отворат свој бизнис, и исто така учесничките ќе добијат можност за пракса во компанија преку која ќе можат да ги зајакнат сопствените вештини и да си ги зголемат можностите за вработување.

Со оваа програма ќе бидат опфатени учеснички од Скопје, Битола и Штип.

Учесничките во програмата ќе добијат:

I. Учество во 5 сертифицирани краткорочни обуки на следниве теми:

  1. Асертивност во професионална комуникација.
  2. Лидерство и тимска работа.
  3. Менаџмент на задача, себе и време.
  4. Претприемништво и пазар
  5. Вработување и (само)вработување – вклучува изработка на ЦВ/мотвационо писмо или бизнис план

II. Сертифицирана вокациона обука за занимање кое им е потребно на бизнис компаниите кои учествуваат во програмата, се цел да се овозможи евентуално вработување на учесничките во некоја од компаниите кои се дел од програмата.

 

III.    Поддршка од ментор (успешна жена претприемач), која ќе им помогне на оние кои се заинтересирани за започнување на сопствен бизнис поефикасно да го спроведат тој процес (поддршката се однесува на споделување совети, искуства и контакти кои ќе им послужат на учесничките да се справат со потешкотиите во започнувањето на бизнис, изнаоѓањето на клиенти и вообичаените проблеми со кои се среќава секој нов претприемач).

IV. Вмрежување – преку програмата учесничките ќе бидат во контакт со други претприемачи – потенцијални клиенти, бизнис партнери или работодавачи, кои ќе им го олеснат процесот на наоѓање работа и започнување бизнис.

V. Директни информации и конкретни совети од релевантни институции и за достапните мерки, субвенции и други типови на олеснувања и поволности при вработување и започнување сопствен бизнис.

VI. Информации за можности за вработување во компаниите кои членуваат во програмата.

VII.  Психосоцијална поддршка – неделни средби за споделување на искуствата и предизвиците во процесот на вработување и само- вработување, со цел взаемна поддршка од останатите учеснички во програмата.

ЗА ВРЕМЕ НА СИТЕ АКТИВНОСТИ НА ПРОЕКТОТ ОБЕЗБЕДЕН Е ПРОСТОР И СТРУЧНИ ЛИЦА ЗА ЧУВАЊЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА.

Доколу сте заинтересирани своето учество може да го пријавите на [email protected].

Исто така доколку имате потреба од дополнителни информации обратете се на [email protected] или јавете се на 02/322 4762

Рокот за пријавување е до 19.05.2017

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]