Дисциплината е подучување. Кога го водите детето кон позитивно однесување и учење, градите кај него правилен став. Позитивното усмерување го охрабрува детето на размислување пред да реагира и ја гради неговата самоконтрола. Различните начини на дисциплинирање резултираат со различни резултати. Во секој случај, дисциплинирањето бара размислување, планирање и трпение.
Казната пак најчесто подразбира удирање, потчукнување по задникот или кој било друг начин на контролирање на однесувањето. Во основа постојат четири видови на казнување:
- Физичко. Потчукнување по задникот, удирање, користење на некое стапче или друг предмет за удирање.
- Со зборови. Посрамување на детето, исмејување или користење на груби зборови.
- Ускратување на наградата. Ускратување на активностите кои детето ги смета за „награда“ заради неисполнување на одредени услови. На пример: „ако не ги раскренеш играчките, не смееш да гледаш ТВ“.
- Досудување на казна. На пример: „нема да добиеш џепарлак затоа што ме излажа“.
Казнувањето најчесто се практикува од следните причини:
- Брзо е и лесно
- Родителот не знае за друг метод
- Му ја наметнува на детето моќта на родителот
- Родителот се ослободува од своите фрустрации
- Казнувањето не го поттикнува развојот на самодисциплина, туку само го зпаира непримереното однесување во моментот на казнувањето. Казнувањето може да оствари краткорочна цел, но го попречува остварувањето на долгорочната цел – развој на самоконтрола кај детето.
Кога дисциплината се постигнува преку казнување, на таков начин што се намалува садовербата и самопочитта на детето, детето може да отапи на методите на спроведување на дисциплината или пак да почне да се самоказнува. Од друга страна пак, без дисциплина, може да се постигне детето да ја негира својата одговорност и за се да ги обвинува другите луѓе. Родителите и учителите на успешните деца, одржуваат добра рамнотежа на сите овие состојки.
Дисциплинирањето е помагање на детето да научи како да се сложи и да оствари соживот со пријателите и со семејството. Учење на детето да се однесува прифатливо, помагање на детето да се научи да го контролира своето однесување. Всушност, целта е детето да научи да се однесува добро, а не да се чувствува лошо поради своето однесување.