ПОРАКИ за животот, здравјето, проблемите…

Нова книга од Академик Нада Поп-Јорданова, во која авторката отвара многу прашања, актуелни за современото живеење и воедно дава едноставни, конкретни и концизни одговори. Како да ја развиеме емоционалната интелигенција кај младите, дали перфекционизмот е болест, за синдромот на недостиг на внимание, за семејното функционирање,...

0
1168

Утре (13 септември) со почеток во 19:00 во Паркот на Книгите ќе биде промовирана најновата книга од академик Нада Поп-Јорданова „Пораки за животот, здравјето, проблемите…“.

Во ова дело авторката отвара многу прашања, актуелни за современото живеење и воедно дава едноставни, конкретни и концизни одговори. Како да ја развиеме емоционалната интелигенција кај младите, дали перфекционизмот е болест, за синдромот на недостиг на внимание, за семејното функционирање, за несоницата на нашето време, дали стравот е само одбрана или…, како да го подобриме емоционалното здравје…. Книгата е наменета за децата и младите, за возрасните и за старите. Едноставно ова е книга за секого.

Акад. Нада Поп-Јорданова работниот век го помина како професор по медицина, медицинска психологија и етика, невропсихологија и развојна психологија на Клиниката за детски болести во Скопје. Автор е на тринаесет книги од областа на медицината, како и на бројни статии објавени на повеќе странски јазици. Член е на Светската, Европската и Њујоршката академија за наука, а за редовен член на МАНУ е избрана во 2012 година.

За својата долгогодишна педагошка и научна дејност добитник е на национални и меѓународни признанија.

Промотор на „Пораки“ ќе биде акад. Катица Ќулафкова.

[better-ads type='banner' banner='999' ]