ПОМОГНЕТЕ ИМ НА СВОИТЕ ТИНЕЈЏЕРИ

0
1841

Пубертетот денес се јавува сè порано. Поради тоа јазот меѓу физичкото и психичкото созревање на децата е сè поголем.

Нејџел Лата, американски детски психолог и терапевт кој работи со проблематични деца, во книгата „Како да се постават граници и притоа да се зачуваат нервите“, потсетува дека денес пубертот се јавува се порано. Кај девојчињата околу 10-тата, а кај момчињата околу 11-тата година.

Поради тоа, тврди Лата, јазот меѓу физичкото и психичкото созревање на децата е се поголем, а последиците од процесот на преобликување на мозокот се поизразени. Поради тоа тинејџерите имаат намалена способност за донесување важни одлуки и потребно им е подолго време отколку на возрасните да заклучат дали некој предлог е добар или лош. Тука настануваат првите недоразбирања со авторитетите.

Затоа Лата апелира родителите да ги сфатат своите тинејџери, да прифатат дека е природно долго да спијат, бидејќи нивниот внатрешен часовник е нарушен поради хормоните и да не сфаќаат сериозно се што децата ќе кажат во афект.

Момчињата се повеќе склони да ги одложуваат обврските до последен момент, но затоа најдобро реагираат на јасни и цврсти граници, затоа родителите треба да им покажат дека се силни и секогаш тука за нив кога ќе им затребате.

А, бидејќи девојчињата се покомплицирани, природно е да бараат повеќе трпение и разбирање, што значи и нежност.

[better-ads type='banner' banner='999' ]