Емисијата на штетни гасови е далеку помала ако се одлучиме да немаме деца. Избегнувајте патување со авион, возете се со автомобил, јадете помалку месо и имајте помало семејство, се заклучоците од новата студија спроведена од истражувачите од Универзитетот Лунд во Шведска. Тие порачуваат дека раѓањето деца е „најдеструктивна работа што може да ѝ ја направите на околината“.
Според нив, со помало потомство би се намалила емисијата на штетни гасови по лице за дури 58,6 тони карбон диоксид секоја година.
Универзитетскиот тим наведува дека постојат четири избори кои луѓето можат да ги направат за да се намалат штетните гасови – рециклирање, перење алишта на 30 степени и штедење енергија, помалку месо, автомобили место авиони.
– Има толку многу фактори кои влијаат врз климата поради нашите лични избори. Покрај овие, тука е и онаа што се однесува на – помало семејство, вели Сет Вајнс автор на студијата.
Вајнс смета дека на тој начин најбрзо ќе се намали емисијата на штетни гасови.
– Убедувајќи американско семејство да има едно дете помалку, би обезбедило подеднакво помало ниво на штетни гасови како да убедиме 684 тинејџери да рециклираат до крајот на животот, тврди тој.