Џесика од Канада му дозволува на својот осумгодишен син Немис да се облекува како дрег-квин (drag queen) односно, како травестит и да има настапи. Го поддржува во тоа и се гордее со него.
Немис настапува под името Летиција, а да се облекува како девојче сака од седумгодишна возраст. Тоа можеби и не би било никаков проблем ако облеката која ја носи не е исклучително секси и предизвикувачка, па властите се сомневаат дека мајката го искористува з ада дојде до пари.
Летиција ја забележале кога на еден натпревар на костимирани травестити победниците на натпреварот ја поканиле да се качи со нив на сцената. Потоа мајката и синот учествувале во британското ток-шоу „This Morning“ кадешто Џесика објаснувала дека само сака да му ги исполни желбите на своето дете и да го прифати такво какво што е.
Иако водителот бил упорен во тоа дека е Немис премногу мал за да учествува на натпревари кои промовираат сексуалност, мајката тврдела дека внимателно одбира каде ќе настапува нејзиниот син. Меѓутоа, без оглед на се, социјалните мрежи се полни со осуди за оваа мајка и со пораки дека детето треба да ѝ се одземе.