Родителите често стравуваат дали нивните бебиња доволно јадат, спијат и дали успешно растат и се развиваат. Во списанието Parents стручњаците издвоиле осум знаци кои укажуваат дека се бебињата здрави и дека нивното напредување и развивање се движат во вистинската насока.
Бебето се смирува кога ќе го допрете и кога ќе ви го слушне гласот
Ова покажува дека сте успеале да се поврзете со своето бебе. Новороденчињата плачат, но гласот на мајката и на таткото се нешто што им го привлекувало вниманието додека биле во стомакот па истото се случува и кога ќе се родат. Гласот на родителите во комбинација со лулање и галење, секако би требало да ги смири и е прв чекор во емоционалниот развој.
Дневно менувате и по 10 пелени, а бебето добива на тежина
Тоа докажува дека бебето доволно се храни иако количината на испиено млеко од ден на ден може да варира. Многу мајки кои дојат се прашуваат дали е тоа доволно за бебето. Доказ за тоа се мокрите пелени.
По раѓањето на бебето, важни се и посетите на педијатар а во меѓувреме следете го полнењето на пелените. Немојте да бидете опседнати од количината на секој оброк затоа што бебињата не јадат исто секој ден па ниту при секој оброк. Клучен е севкупниот резултат – зголемувањето на тежината.
Бебето е тивко и внимателно барем неколку пати дневно
Првите недели од животот на бебето, тоа се храни на секои два часа и многу спие, и до 16 часа дневно, но ретко кога неколку часа во континуитет. Со натамошниот напредок бебето почнува да учи како да ги контролира своите мускули и да се фокусира на нешто, а најчесто се тоа родителите. Кога е бебето тивко или „крева узбуна“ тоа е знак дека следи се околу себе и ги процесиреа новите информации. После првиот месец ќе забележите дека почнуваат повеќе да забележуваат и да учат па затоа повремено стануваат потивки и наслушнуваат.
Се врти кон новите звуци и се стивнува за да ги слушне
Тоа докажува дека се развива слухот на бебето и дека тоа го користи мозокот за да ги распознае звуците. На бебињата им требаат неколку недели за да научат да ја филтрираат бучавата од секојдневјето која ја слушале во стомакот. Факт е дека некои звуци се поинтересни од другите, но и интересирањето за нив со време се развива. Најпрвин вниманието на бебето ќе го привлече музиката, било да доаѓа од играчка или од радио. Кога ќе видите дека бебето реагира на звук и со погледот го бара неговиот извор, ќе знаете дека слухот добро му се развива.
Гледа во шари, бои и движења
На бебето со време му се изострува видот, а иако не мислите дека за тоа придонесува и ѕверењето во вентилаторот на таван, сепак е така. Кога е раѓааат бебињата гледаат околу 20% и ттоа на далечина од 20 до 30 сантиметри. Кога ќе наполнат еден месец гледаат уште подалеку з до вториот месец повќето ги следат свтлите бои, интересните шари и објекти кои се вртат.
Контакт со очи, насмевки и интеракција
Бебето со време станува се подружељубиво и посреќно. Првите воспоставувања на контакти со очи почнуваат за еден месец, првата насмевка на два, гугањето на три, а првата смеа на четири месеци. Оваа интеракција покажува дека бебето станува свесно за својата околина и дека на некој начин разбира како треба да се однесува. До петиот месец тоа уредно на насмевка ќе одговара со насмевка како да е тоа рефллекс. Сето ова се важни знаци за ран развој на јазикот.
Се помалку плачење, се повеќе регуларности во спиењето
Како што се развива нервниот систем на бебето, така и неговите навики за спиење ќе бидат се поуредни, било да станува збор за днеен или за ноќен сон. Ова навикнување на одредена рутина ќе ги израдува родителите , а почнува по четвртиот месец, иако е факт дека некои бебиња побрзо се привикнуваат на системот.
Бебето станува посилно
Многу бебиња можат да ја држат самостојно главата уште после првиот месец, но тоа трае многу кусо. До третиот месец тоа им оди поуспешно и тогаш знаете дека е во состоја да ги напрегнува своите мали мускули. За да му помогнете во тоа погрижете се да поминува повеќе време на подот легнато на стомак затоа што тоа ќе му помогне да го забрза развојот на различни групи на мускули и на оние кои подоцна го овозможуваат вртењето или седењето.