Не само на Балканот, туку и генерално, во светот, се уште е вкоренето верувањето дека машките деца треба од малечки да се воспитуваат поцврсто од девојчињата. Се верува дека тие треба помалку да се разгалуваат и од нив да се очекува да бидат цврсти, да не плачат, да бидат борбени и јаки. Сепак, науката вели поинаку, односно, токму спротивното.
Неодамнешна студија открила дека момчињата во првите години од својот живот, треба да бидат третирани со повеќе нежност и сочувство отколку што им е потребно на девојчињата.
Зошто е потешко да се воспитуваат машките деца?
Познатиот невропсихиолог Алан Шор го претставил новото истражување кое докажува дека десната хемисфера на мозокот се развива побавно кај момчињата отколку кај девојчињата. Што значи тоа? Па едноставно кажано, момчињата се помалку чувствителни на звуците и на личностите што ги опкружуваат, што може да ги направи и „потешки“ за чување. За нив е потешко да го толерираат стресот и се помалку отпорни на невропсихијатриски пореметувања, како што е пореметувањето на вниманието аутизам…кои се манифестираат во раното детство.
Затоа, момчињата кои имаат построги мајки, кои се од мали воспитувани со цврста рака, без многу емоции, стануваат поанксиозни, што потоа влијае на формирањето на невронски врски во мозокот, одговорни за самоконтрола и социјализација. Лекот за тоа е нежна, цврста врска на синот и мајката, заснована врз разбирање, исполнување на детските потреби за љубов и близина. Ова има огромно влијание на развојот на мозокот токму во првата година од животот.