Секоја година околу 12 илјади деца завршуваат во болница поради повреди настанати поради користење на стапчиња за уши, покажало новото американско истражување. Во последните 20 години на ургентните одделенија завршиле 263 илјади деца заради тој проблем. Тоа се во просек 34 повреди на ден. Во повеќето случаи повредите настанале кога децата сами си ги чистеле ушите.
Најчесто станува збор за пукање на ушното тапанче, губење на рамнотежата па и на слухот, покажуваат болничките истражувања.
Во Велика Британија заради истиот проблем помош бараат околу 7 илјади луѓе секоја година.
„Повредите кои резултираат со хоспитализација се обично дупнати ушни тапанчиња кои настануваат кога стапчето ќе пробие дупче во заштитната обвивка на тапанчето. Посебно е опасно ако се случи детето со стапче во увото да падне. Стапчињата за уши исто така можат да ги оштетат малите коски на увото, а во многу ретки случаи и ушното ковче во средното уво што тогаш резултира со рамнотежа. Во екстремно ретките случаи стапчињата предизвикуваат целосен губиток на слухот“, објаснил др.Сајмон Баер, хирург за уво, нос и грло од болницата Spire Sussex за Daily Mail.
Двајца од тројца пациенти бике помлади од осум години, а околу 40 отсто од нив се деца помлади од три години.
„Една од најголемите заблуди кај чистењето уши кои ги слушам кај оториноларингологот е дека треба да се чистат дома со врвот од стапчето. Тоа е погрешно“, вели Крис Џатана и додава:
„Ушните канали се чистат самите. Со користењето на памучните стапчиња за уши воскот само се турка подлабоко кон обвивката на тапанчето што го зголемува ризикот од мали до големи повреди на увото.“
Најдобро е увото едноставно да не се фаќа, истакнува др. Баер. Кај повеќето луѓе увото само се чисти, но оние, чии уши произведуваат големи количини на восок, треба да побараат помош од својот лекар кој ќе го упати на стручно чистење.
Околу 12.000 деца годишно завршуваат во болница заради неправилно чистење на уши
Наспроти бројните предупредувања на лекарите, повеќето луѓе и натаму погрешно ги користат стапчињата за уши, а истражувањата покажуваат дека помеѓу нив има најмногу деца...