Од колку години детето може да почне да скија?

Колку порано, толку подобро, но не се препорачува пред третата година...

0
809

Веројатно сте виделе многу деца кои на само 3-4 години веќе скијаат со неверојатно способност и агилност.

Можеби се прашувате кога е вистинското време да го ставите на скии и своето дете?

Во школо за скијање детето може да се запише најрано со три години, а еден од условите е повеќе да не носи пелени. Периодот од 3-4 години се препорачува и поради уште една причина – децата на таа возраст немаат страв кон скијањето. Освен тоа, нивното тело е мало, отпорно на падови, па повредите на таа возраст се многу поретки отколку кај поголемите деца и кај возрасните кои учат да скијаат.

Ако постои можност, најдобро е детето да го запишете во школо за скијање кадешто со група други деца и професионален тренер многу брзо ќе научи да скија. Таму децата се распоредуваат според возраста, а подоцна според индивидуалните способности. Иако ова е дополнителен трошок, сепак имајте на ум дека доколку сами се обидувате да го научите детето да скија ќе ви требаат многу нерви и трпение, а можеби и нема да ги пистигнете резултатите кои би сакале да ги постигнете.

Ако вие или вашето дете сте позаинтересирани за „бордање“, потребно е да почекате да наполни барем пет-шест години затоа што помладите деца многу тешко го совладуваат стоењето на страна што пак е основа на „бордањето“. Имено, на децата од 3-4 години, центарот за рамнотежа им е во главата, а не во телото, што е клучно за „бордање“.

И на крајот, сите се сложуваат дека колку што ќе се почне со скијање од порана возраст, толку ќе биде полесно. Ќе биде слично како и со возењето велосипед. Детето повеќе нема да го заборави, туку секојпат кога ќе застане на скии само ќе се усовршува и ќе стекнува повеќе вештини.

[better-ads type='banner' banner='999' ]