„Имаш четири нормални деца, зошто би родила болно дете“ и „се сомневам дека имаш сила да се справиш со дете со посебни потреби“, коментирале нејзините пријатели откако таа по петти пат забременила и дознала дека нероденото дете има Даунов синдром.
„Бременоста била среќно изненадување. Неколку дена по ултразвучниот преглед во 12-та недела од бременоста, ми се јави една од акушерките и ми објасни дека шансите бебето да има Даунов синдром е еден спрема пет. Не бев сигурна како да реагирам”, изјавила Корина за Дејли Меил.
Отпрвин, таа размислувала за абортус, но сè се сменило кога го видело бебето во стомакот на ултразвукот.
„Знаев дека ќе го задржам детето без оглед на тоа. Јас направив дополнителен преглед со кој се потврдија сомневањата, но не се предомислив”, додала таа.
Таа за сè ги информирала партнерот, родителите и пријателите, кои реагирале целосно неочекувано. Слушнала голем број на грди коментари, а партнерот ја оставил затоа што не можел да се справи со тоа.
„Јас одлучив да ја запознаам, а нивните реакции беа за мене само поттик да докажам дека таа заслужува место во овој свет како и било кој друг“, се потсетува таа.
Корина го родила девојчето, Дејзи, во 37 недела. После три дена, тие пристигнале дома иако девојчето имало проблеми со дишењето. Најголема поддршка на Корина биле нејзината мајка Џун и најстарата ќерка.
„На возраст од три месеци, Дејзи била интубирана во болницата, бидејќи нејзиниот бронхитис се искомплицирал. Не ја оставав. Таа беше дијагностицирана со хронично заболување на белите дробови. Мислев дека ќе ја изгубам и маневрирав помеѓу грижата за четири деца дома и Дејзи која лежеше во болницата. Не знам што би правела без мајка ми и најстарата ќерка Риана“, истакнува Корина.
Во меѓувреме, на девојчето ѝ била дијагностицирана епилепсија и ѝ биле препишани лекови кои влијаеле на нејзиното однесување. На возраст од осум месеци, таа дошла дома и наскоро почнала да се смее и да се опоравува.
„Таа сака да игра со постарите сестри и ни ги зароби срцата. Да се има дете со Даунов синдром е најубавиот подарок на светот. Не е лесно, но со кое дете е лесно? Дејзи ни откри еден сосема друг свет кој е прекрасен”, заклучила оваа мајка на 16 -годишната Ријана, деветгодишната Лили Роуз, шестгодишната Ејнџел и тригодишната Офелија.
Фото: Фејсбук