Нови препораки: На децата треба да им се даваат кикирики од четири месеци!

Бебињата веќе од четвртиот месец на животот треба да внесуваат храна што содржи кикирики, гласат новите препораки од САД.

0
1765

Големиот пресврт во препораките на стручњаците за здравје е последица од тоа што е утврдено дека децата кои порано ќе дојдат во допир со оваа мешунка имаат многу помалку шанси да развијат алергија на неа. Досега се препорачуваше родителите да почекаат до 12-от месец од животот за да им дадат на децата кикирики.

„Се надеваме дека ќе спречиме голем број на случаи на алергии од кикирики“, рекол др Метју Гринхот од Американскиот колеџ за алергии, астма и имунологија, ангажиран од Националниот институт за здравје за заедно со екипа стручњаци да напише нови препораки.

Бебињата со висок ризик кои имаат сериозен облик на егземаа или алергија на јајца, треба да поминат посебен преглед, пред да им се вклучат во исхраната кикирики. На другите деца би требало оваа намирница да им се додаде со стандардните кашички за бебиња и тоа во вид на разводнет путер или флипс. Алергијата на кикирики претставува сериозен проблем на Запад и погаѓа околу два проценти на деца во САД, кои по секоја цена мораат да ја избегнуваат оваа намирница, заради реакциите на нивниот имун систем кои можат да бидат опасни по живот. Педијатрите препорачуваа кикириките да се избегнуваат дури и до третата година од животот. Дури и кога во 2008 година препораките се променети, родителите од страв од можните последици на своите деца им давале кикирики се подоцна.

„Тоа што вашиот вујко или брат имал алергија е само причина плус да му дадете на вашето дете што побргу некоја намирница“, смета Ширер, педијатар-алерголог од болницата Монт Синај во Њујорк.

Нови препораки:

  • Сите бебиња треба да пробаат друга цврста храна, пред онаа што содржи кикирики, за да бидеме сигурни дека се доволно спремни.
  • Бебињата од високоризичните групи би требало да добијат храна што содржи кикирики веќе во четвртиот или во шестиот месец од животот, после преглед кај докторот кој би требало да покаже дали првото пробување на оваа намирница треба да се изведе под лекарски надзор.
  • Бебињата со умерен ризик, кои имаат блага егзема, би требало да почнат да добиваат храна на база на кикирики околу шестиот месец дома.
  • Изградбата на толеранција на намирницата бара храната на база на кикирики да се наоѓа на менито три пати неделно.
[better-ads type='banner' banner='999' ]