Пред околу 4 години играта се викаше Game of 72, такашто оваа сега би требало да се смета за помалку загрижувачка, но тоа сигурно нема да утеши ниту еден родител чие дете ќе почне да ја игра. Се појави играта наречена 48 Часа.
Фејсбук најавува и истрага откако сѐ повеќе родители почнале да се жалат поради играта чие правило е – бекство од дома без да се јават на никого, а целта е да се исчезне и да се преживее 48 часа.
Се верува дека играта е копија на Game of 72 која беше многу популарна пред четири години. Таа исто така ги наведуваше децата да исчезнат, не само 72 часа туку што е можно подолго. Тогаш играта сериозно ги загрижи властите, но сега се појави нов предизвик. Уште полудо е тоа што играта ви дозволува учество такашто собирате поени откако некој ќе го спомене името на исчезнатото дете на интернет.
После низа пријави од исплашени родители, играта повторно ги загрижи властите, а и екипата на Фејсбук најави поостра проверка на постовите.
За да ѝ се стави крај на играта, во истрагата ќе учествува и екипа на британските власти и мрежата за безбедност на деца. Дотогаш, секој кој ќе забележи сомнителна содржина, со само еден клик на Фејсбук може истото да го пријави.
„Премногу деца веќе покажала небезбедна храброст, а на своите родители им задале грижи кои нема да ги заборават до крајот на животот“, рекла за BelfastLive една мајка чиј 14-годишен син исчезнал со пријателите цели 55 часа.
„Што е најлошо, во нивните очи воопшто не видов жалење кога полицијата ги приведе на испитување. Не пропушти ниту да објави селфи од полицискиот автомобил“. За нив е тоа игра.
На некои работи не можете да влијаете, но можете да седнете и да разговарате со своите деца. Разбудете ја кај нив свеста за опасностите од ваквите и слични предизвици, затоа што, за жал, можеби нема да можете ваквите игри да ги скриете од децата, особено ако тие веќе си имаат свој Фејбук профил.